Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите

И покрај тоа што најчесто лулашките се наоѓаат на игралиште и ги користат децата, овој пат станува збор за застрашувачка авантура наречена „лулашка на крајот од светот“. Таа е наменета само за најхрабрите и за оние кои би го прифатиле ризикот дека можат да паднат од работ на ридот додека се лулаат високо во воздухот. Таа се наоѓа во Банос, Еквадор во „La Casa del Árbol“ (Куќата на дрво) каде што ги пречекува туристите на височина од 2.660 метри.

Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите

Оние кои одлучуваат да се лулаат имаат неверојатна можност да ги видат околните пејзажи од уникатна перспектива, која вклучува и поглед на вулканот Тунгурауа. Оваа активност предизвикува сериозен излив на адреналин, не само поради висината на која се наоѓате, туку и поради фактот што конструкцијата на самата лулалшка изгледа како да не е ништо повеќе од обична дрвена штица закачена со две јажиња за метална шипка.

Што мислите, дали вие би имале храброст да се лулате над оваа огромна бездна?

Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите Лулашка на крајот од светот – авантура само за најхрабрите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар