Водич за мажи: Како треба да ви стои облеката?

Повеќето мажи обично носат облека која им е малку поголема од бројот што би требало да го носат. Најдобро би било кога за сите би можел да работи по некој кројач, ама тоа е тешко остварливо, но може да се следат советите на стилистите со цел да се постигне среден и убав изглед.

Водич за мажи: Како треба да ви стои облеката?

Како треба да стои кошулата?

  • Треба комотно да ставите два прсти во закопчана јака. Таа не смее да се врти со вашиот врат како што ја вртите главата.
  • Манжетните треба да се само малку полабави од часовникот. Тие треба да завршуваат онаму каде што започнува дланката.
  • Работ на рамото треба да лежи на самиот крај на рамото.
  • Ракавите не треба да бидат толку тесни за да може преку кошулата да ви се оцрта раката, ниту толку широки за да изгледа како бранови. Манжетната не би требало да може да се помести повеќе од 2-3 сантиметри над зглобот на раката.
  • Кошулата треба да биде доволно долга за да не излегува од панталоните при нормални движења.

Водич за мажи: Како треба да ви стои облеката?

Како треба да стојат чино панталоните?

  • Како и секој друг пар панталони, така и тие треба да не ви паѓаат без каиш.
  • Избегнувајте ги фалтите. Тие ве прават подебели.
  • Чино панталоните не треба да бидат залепени за ногата, но не треба ниту да бидат премногу широки. Треба да бидат блиску до ногата без да прават проблеми при движењето.
  • Не ви треба повеќе од еден набор кога панталоните ќе се спуштат врз чевлите.

Водич за мажи: Како треба да ви стои облеката?

Како треба да стојат елегантните панталони?

  • Исто како и кај чино панталоните, тие треба да бидат блиску до ногата без да прават проблеми при движењето, треба да не ви паѓаат без каиш и да немаат фалти.
  • Пожелно е да имаат еден раб по целата должина кој ќе оди по средината на ногата.
  • Пожелно е да има и мал набор кога паѓаат на чевлите.

Водич за мажи: Како треба да ви стои облеката?

Како треба да стои сакото или јакната?

  • Сакото треба да открива околу 2 сантиметри од јаката на кошулата.
  • Работ на рамото треба да лежи на самиот крај на рамото, исто како и кај кошулата.
  • Отворот за рацете не треба да ви пречи при нормалните движења.
  • Сакото или јакната не смеат да се собираат кога се закопчани или кога рацете ви се прекрстени. Тоа значи дека ви се мали.
  • Второто копче на сакото не смее да биде под папокот.
  • Ракавите треба да стигнат само до зглобовите. Треба да се гледа малку од манжетните на кошулата под сакото.
  • Сакото треба да биде доволно долго за да покрие поголем дел од задникот.

Водич за мажи: Како треба да ви стои облеката?

Како треба да стојат фармерките?

  • Фармерките треба да бидат тесни кај колковите и бутовите, а не претесни од колената надолу.
  • Гледајте да ви бидат точни на половината, а кај нозете може да ви бидат и еден број помали кога ги купувате. Потоа ќе попуштат и ќе ви стојат многу подобро.
  • Одберете подолги фармерки доколку сакате да ги подвиткувате.

Водич за мажи: Како треба да ви стои облеката?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар