Краток тест: Дознајте колку е старо вашето срце

Стареењето е дел од природниот процес и тоа може лесно да се забележи на лицето и телото, во облик на бори и седи влакна. Но, стареењето почнува да се манифестира многу порано во внатрешноста на нашиот организам, без воопшто да забележиме. Имено, истражувањето спроведено од американскиот центар за контрола и превенција на болести покажало дека многу луѓе имаат и до 5 години постаро тело од остатокот од телото. Таканаречениот синдром старо срце се однесува на неговото здравје и работа што може да биде показател за идни можни болести.

(0) Краток тест: Дознајте колку е здраво вашето срце

Овој податок би требало да ве поттикне да размислувате за здравјето на најважниот мускул во своето тело. Па, доколку сакате да дознаете колку е старо вашето срце, а со тоа и колку е здраво, направете го овој едноставен краток тест. Имајте на ум дека треба да имате минимум 30 години за да можете да го направите ова испитување. Исто така, овој тест не е доволен за да си поставите сами дијагноза, доколку сметате дека има потреба консултирајте се со вашиот доктор.

Краток тест: Дознајте колку е здраво вашето срцеВо калкулаторот треба да ги внесете вашите години, крвниот притисок, индексот на телесната маса, како и податоците за дали сте дијабетичар и/или пушач и дали некогаш сте биле на терапија. Резултатите ќе ви ја откријат состојбата на вашето срце, како и процентот за развивање одредени срцеви болести во следните 10 години.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар