Животот не станува поубав со чекање, туку со промена

Животот не станува поубав со чекање, туку со промена

Постојано се случуваат некакви промени. Некои од нив се мали, други се големи. Некои ги предизвикуваме ние самите, а некои се случуваат од нигде никаде. Животот постојано се менува, а понекогаш не сме ни свесни за тоа сѐ додека не застанеме и не се запрашаме како воопшто сме стигнале до тука.

Животот не станува поубав со чекање, туку со промена

Ние имаме контрола врз промените што се случуваат во нашиот живот. Некои од нив се позитивни, други се негативни, но сите подеднакво придонесуваат за напредокот на нашето животно патешествие и ни помагаат да научиме значајни животни лекции. Многумина од нас доживуваат промени и сакаат да променат нешто, но само малкумина им дозволуваат на промените слободно да се случуваат.

Ние сме суштества кои живеат по навика. Ги правиме истите работи, одиме на истите места и остануваме во нашата удобна зона, бидејќи сме навикнати на неа и таму се чувствуваме пријатно. Се плашиме од непознатото. Па затоа, се држиме до нашите рутини и се надеваме дека еден ден ќе добиеме шанса и нашите животи ќе се променат онака како што сакаме.

Но, вистината е дека тоа нема да се случи. Животот не станува поубав со чекање, туку со промена. Без разлика дали станува збор за промени на работа, во врските, пријателствата и што било друго, никогаш нема да ги доживеете промените што сакате да се случат доколку не ги направите самите. Напредокот е невозможен без промените. Сѐ што правиме, почнува од нас самите, без оглед на тоа дали се работи за нашите мисли, енергија, ставови или постапки. Контролата е во наши раце.

Ако сакате да ја промените вашата кариера, одете на интервјуа за работа или дадете отказ. Тоа што се будите секој ден и ја работите истата работа од 9 до 17 не дозволува ништо друго да се случи во вашиот живот. Немојте да работите повеќе од 40 часа неделно за да остварувате туѓи соништа и да ги запоставите вашите.

Ако не сте задоволни со однесувањето на вашиот партнер или пријатели, променете го вашиот став. Не бидете секогаш достапни. Фокусирајте се на себеси. Не дозволувајте да продолжи нивното непочитување само затоа што се плашите од промени и не сакате да ги изгубите.

Штом кога ќе се промените, ќе забележите дека се менува и однесувањето на луѓето околу вас. Луѓето нема да се променат ако не се промените и вие. Ако се вратите 5, 10 или 20 години наназад и забележите дека сѐ уште се занимавате со истите работи и ако се каете поради тоа што животот ви се повторува, не очекувајте сочувство. Вие сте дозволиле животот да ви тргне во таа насока.

Точно е тоа дека не е лесно да се преземе ризик, но уште пострашно е доколку живеете обичен живот полн со каење поради тоа што сте биле исплашени. Мора да ги симнете вашите бариери, да ги срушите вашите ѕидови и да им дозволите на новите работи да влезат во вашиот живот. Доколку сакате да ви случуваат нови работи, мора да си дозволите да се чувствувате по малку непријатно.

Вашиот живот е приказна и некои приказни завршуваат. Сигурно не би ја читале истата приказна одново и одново. Тоа би било здодевно. Не дозволувајте вашиот живот да се претвори во едната иста приказна. Затворете ја книгата кај старото поглавје, затворете ја книгата на стравовите и свртете нов лист кој ќе почнува со зборовите „Си беше еднаш…“ Потребен е само еден човек за да го смените вашиот живот. Вие. Посакајте желба, преземете ризик и направете ја потребната промена.

Прочитајте и како да се справите со големите животни промени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар