Запознајте го Мохито, кучето што секоја ноќ носи различни играчки во кревет

Секое куче сака играчки, но љубовта на ова 3-годишно куче што е обучувано да им пружи утеха и заштита на луѓето, е поразлична. Во текот на една и пол година, кучето носело со себе играчки во кревет, секоја ноќ избирајќи различна, откако ја пребарувало целата куќа, за да ја најде онаа со која сака да спие таа вечер.

„Мохито има многу играчки… Навистина многу“, вели Ким Дауни, неговата сопственичка.

Запознајте го Мохито, куче која секоја ноќ носи различни играчки во кревет

Ким вели дека секогаш кога ќе отидат во продавница, Мохито инсистира да си избере некоја, па така, секој месец таа добива нова играчка.

„Многу е специфична за она што ќе го одлучи да го земе во кревет. Таа ќе пребарува во куќата и ќе ја испразни нејзината кутија за играчки сѐ додека не го најде токму тоа што го бара“, објаснува Ким.

Играчките остануваат горе, сѐ додека Мохито не одлучи поинаку.

„Ако ги симнеме надолу, таа ќе ги земе повторно“, вели таа.

Наредното утро Мохито сака да си игра со сите нејзини играчки, а понекогаш ги споделува и со нивната мачка.

Научниците тврдат дека кучињата имаат неофилија, односно склоност кон нови работи. Но, ако сакате еден период да прекинете со купување играчки, истражувачите препорачуваат да направите тие да изгледаат како нови со тоа што ќе им додадете различен мирис. Исто така обидете се некоја играчка да ја скриете одреден период, па потоа повторно да им ја покажете.

Погледнете ја галеријата и запознајте се со Мохито и нејзините најомилени играчки.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар