Кој во кого гледа во теретаната?

Во теретана ќе сретнете најразлични луѓе, секој дојден со своите цели, со своите потреби и свои размислувања. Секој од нив скришно погледнува во другите, ги анализира и размислува за нив. Еве како еден стрип уметник гледа на тоа.

Кој во кого гледа во теретаната?

Крупниот: „Би сакал да изгледам нормално како оној. Сигурно е среќен.“

Кој во кого гледа во теретаната?

Нормалниот: „Би сакал да ги загубам 'љубовните рачки' како оној со рамен стомак. Се обложувам дека се чувствува сигурен.“

Кој во кого гледа во теретаната?

Тој со рамниот стомак: „Посакувам да имам огромни мускули како оној мускулестион тип. Сигурно девојките чекаат во редица за да излезат со него.“

Кој во кого гледа во теретаната?

Мускулестиот: „Би сакал да знаев да кажувам паметни работи како оној. Сигурен сум дека колегите на работа го почитуваат.“ Паметниот со брада: „Да добивав паричка секогаш кога некоја девојка ќе ми кажеше дека сака да води љубов со мојата брада... сега ќе имав четврт долар.“ Паметниот без брада: „Хи, хи!!! Тоа би биле пет пати.“

Кој во кого гледа во теретаната?

Паметниот со брада: „Би сакал да можев да ѝ пријдам на онаа девојка, да флертувам со неа и да ѝ зборувам толку смешни работи што, тука и веднаш, би ми дозволила да се фрлам во нејзините гради. Сигурно и таа сака да зборува со мене.“ Полничката девојка со големи гради: „Те молам, те молам не зборувај ми. Овде сум дојдена да вежбам, а не да барам дечко.“

Кој во кого гледа во теретаната?

Полничката девојка со големи гради: „Посакувам да изгледав како онаа витка, изгладнета, потемнета девојка. Сигурно се чувствува совршено.“

Кој во кого гледа во теретаната?

Изгладнетата, потемнета девојка: „Би сакала да изгледав скромно како онаа девојка. Таа сигурно не привлекува дибеци.“

Кој во кого гледа во теретаната?

Стариот: „Би сакал сите овие будали да престанат да гледаат еден во друг и да си одат дома. И онака еден ден ќе им паднат градите како на мене.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар