Мудра приказна која ќе ви открие во што се состои суштината на среќниот живот

Луѓето ја пронаоѓаат среќата во животот на многу начини, бидејќи таа за секого има различно значење. Сепак, без разлика за каква среќа станува збор, треба да се пронајде и да се цени. Најважно од сѐ е да не се обидувате да им го наметнете вашето мислење на другите луѓе, ниту пак да ги осудувате поради она што ги прави среќни. Во продолжение прочитајте ја оваа мудра приказна која ќе ви ги отвори очите…

Мудра приказна која ќе ви открите во што се состои суштината на среќниот живот

Си бил еден бизнисмен кој шетајќи по плажата на едно мало бразилско село, здогледал еден рибар како седел под дрво, пушел цигара и уживал во прекрасната глетка пред неговите очи. Кога бизнисменот го прашал зошто седи под дрвото и пуши наместо да прави нешто, рибарот му одговорил дека уловил доволно риби за еден ден.

На тоа богатиот луто му рекол:

„Зошто не уловиш уште повеќе риби наместо да седиш тука во ладовина и да губиш време?“

Рибарот го прашал:

„Што би правел со таа риба?“

„Би можел да ја продадеш. Кога ќе заштедиш доволно пари би можел да купиш поголем чамец“, му одговорил бизнисменот.

„Што би правел тогаш?“, повторно прашал рибарот.

„Би можел да одиш на риболов во подлабоките води и да фатиш уште повеќе риби и да заработиш уште повеќе пари“, гордо одговорил бизнисменот.

„И тогаш што би правел?“

„Би можел да купиш многу чамци, да вработиш повеќе луѓе да работат за тебе и така да заработиш уште повеќе пари.“

Рибарот продолжил да прашува:

„И тогаш што би правел?“

„Би можел да станеш богат човек, бизнисмен како мене“, одговорил богатиот.

„И тогаш што би правел?“, прашал рибарот.

Бизнисменот на тоа одговорил:

„Па тогаш би можел да уживаш во твојот живот.“

„Зар не е тоа ова што го правам сега?“, завршил рибарот, го свртел погледот и продолжил да ужива во пејзажот.

Не морате да чекате до утре за да бидете среќни и да уживате во животот. Вие не ни морате да се збогатите за да уживате во него. Животот е само момент и треба да се проживее целосно. Токму затоа има многу вистина во оваа мудра изрека:

„Вашето богатство не зависи од она што го имате, од материјалните добра што ги поседувате, туку од она во кое уживате.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар