Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

Омиленото нешто на многумина во летниот период, сладоледот, се приготвува на илјадници начини и вкусови, а е обожаван на сите континенти. Познатиот магазин „National Geographic“ составил листа од места, каде што можете да го пробате најдобриот сладолед во светот.

„Perchè No!“ – Фиренца, Италија

Уште од 1939 година, слаткарницата „Perchè No!“ (Зошто да не!) секојдневно произведува и продава сладоледи со интензивен вкус. Овде имате голем избор на сладоледи, а помеѓу омилените и најбараните се комбинациите од мед и сусам, како и онаа од зелен чај, кафе и парчиња чоколадо. Исто така тука има голем број вкусни овошни сорбета и гранити. Слаткарницата се наоѓа на улицата „Via dei Tavolini“, на само две минути од познатата катедрала во Фиренца.

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

„Vaffelbageriet“ – Копенхаген, Данска

Забавниот парк „Tivoli“ е седиштето на најпознатиот дански „аутлет“, кој има стогодишна традиција. Специјалитет на куќата е сладоледот послужен во корнет од вафла познат како Американер, во кој можат да се стават четири топки сладолед. Потоа, врз нив се ставаат преливи, шлаг и голем број други додатоци. Паркот се наоѓа во центарот на Копенхаген и е отворен од средината на април до крајот на септември. Во овој забавен парк има дури 40 ресторани.

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

Хотел „A’jia“ – Истанбул, Турција

Нема ништо поромантично од прошетка покрај крајбрежјето на Босфор, особено доколку седнете на сладолед на терасата на хотелот „A’jia“, сместен во вила која датира од 19 век. Тие служат фантастичен пржен сладолед од ванила, сорбето од маракуја и традиционален сладолед од козјо млеко.

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

„Ice Cream City“ – Токио, Јапонија

На ова место можете да пробате повеќе од 300 вкусови на сладолед. Тука дефинитивно ќе имате можност да ги пробате најчудните вкусови, како сладолед со вкус на пилешко во соја, корен од Орхидеја, морска сол или од јагула.

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

„Capogiro Gelato“ – Филаделфија, САД

Тука сладоледите имаат единствен вкус, најмногу поради тоа што се користат најсвежи состојки, како свежо млеко од фармите на Амишите. Помеѓу најпознатите вкусови се мадагаскарска бурбон ванила, melograno (калинка), Nocciola Piemonte (лешник), сајгонски цимет, тајландско кокосово млеко со малку рум и Zucca (тиква).

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

„Bombay Ice Creamery“ – Сан Франциско, САД

Некои од најдобрите индиски сладоледи на светот можат да се најдат во САД, поточно во шпанскиот кварт во Сан Франциско. Во понудата можат да се најдат вкусови како кардамом, шафран, ружа, ѓумбир, кои многу ретко можат да се најдат надвор од Индија.

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

„Devon House“, Кингстон, Јамајка

Слаткарницата „Devon House“ е изградена доцна во 19 век, како дом на првиот црн јамајкански милионер и претставува ремек-дело на карипската викторијанска архитектура. Воедно, денеска ова е место на најпознатиот сладолед на островот. Помеѓу триесетината вкусови можат да се пронајдат традиционални, како вишна и ф’стак, егзотични, како манго, кокос, но и сладолед со вкус на пиво, познат како „Devon Stout“.

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

„Helados Scannapieco“ – Буенос Аирес, Аргентина

Во оваа мала слаткарница, начинот на работење се нема променето уште од 1938 година, кога италијанските доселеници Андрес и Џозефина Сканпјеко првпат ја отвориле. Членовите на семејството сè уште го произведуваат сладоледот на истиот начин како пред 60 години. Слаткарницата се наоѓа во квартот Палермо, а нуди повеќе од 50 вкусови, од чоколадо и ванила, до праска, цимет, лимон, шампањ и „caipirinhe“ (бразилски коктел направен од какао и зелен лимон).

Каде во светот можете да го купите највкусниот сладолед?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар