Фантастични ремикси од звуците во „Господарот на прстените“

Фантастични ремикси од звуците во „Господарот на прстените“

Трилогијата книги на Џ.Р. Толкин „Господарот на прстените“, кои добија фантастични филмски изданија благодарение на режисерот Питер Џексон, се голема инспирација за многу креативци. Имено, филмовите направија невиден бум, заработувајќи околу 3 милијарди американски долари и освојувајќи 17 оскари и безброј други награди.Господарот на прстените ремиксФилмовите дефинитивно му ја разработиле фантазијата на Швеѓанецот прочуен под псевдонимот „Chetreo“. Тој успеал благодарение само на звуците и музиката од филмовите да создаде неверојатни ремикси. Без никакви додатни звуци, со користење на оригиналните саундтрак-песни и репликите изговорени од глумците, тој направил фантастични видео спотови за првиот дел „Дружината на прстенот“ и за вториот дел „Двете кули“. На ремиксот за последниот дел „Враќањето на кралот“ сè уште се работи, па со нетрпение ќе го очекуваме неговото следно дело.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар