Факти и занимливости за пивото

Пивото е најконсумираниот алкохолен пијалак ширум светот. Верувале или не, се продава дури и на Антарктикот. Се верува дека пивото е измислено далеку пред нашата ера, а досега се развиени преку 200 техники за неговата изработка. Еве неколку факти поврзани со него.

Факти и занимливости за пивото

„Пивото е доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да бидеме среќни“ – Бенџамин Френклин

Факти и занимливости за пивото

  • Во Белгија се произведуваат повеќе од 400 различни брендови на пиво.
  • Најскапото пиво во светот е „Vielle Bon Secours“ кое чини 79 долари по шише, а може да се најде во барот „Bierdrome“ во Лондон.
  • Најстариот пишан рецепт кој е некогаш пронајден е за пиво.
  • Најпопуларно пиво во светот е Хајнекен.

Факти и занимливости за пивото

  • Првата лименка пиво е направена во 1935 година.
  • Некогашниот американски претседател Џорџ Вашингтон имал своја пиварница на имотот во Маунт Вернон.
  • Пивото е полно со калории.

Факти и занимливости за пивото

  • Во Велика Британија, во просек се пијат 100 литри пиво по човек годишно.
  • Старите Вавилонци биле многу сериозни кога станувало збор за пивото. Доколку се одлучело дека пивото не е со добар квалитет, тие го давеле производителот во сопственото пиво.
  • Едно шише пиво после напорен ден е одлично за релаксација и опуштање, а помага и при заспивањето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар