Дело за почит: Необично породување што ќе ве остави без зборови!

Во една американска болница неодамна се случило нешто многу необично и неверојатно. Станува збор за прекрасно дело кое две жени ќе го паметат до крајот на животот.

Дело за почит: Необично породување што ќе ве остави без зборови!

Кон крајот на јули, докторката Аманда Хес отишла во болница за да се подготви за индуцирано (предизвикано) породување. Инаку Хес била гинеколог која извршувала породувања во истата болница. Додека била во својата соба, начула како медицинските сестри се подготвуваат за пациентка која веднаш требала да се породи, бидејќи бебето било во опасност.

Со оглед на тоа што докторот бил на пат накај болницата и не можеле да го чекаат повеќе, Хес сфатила дека нема време за губење и дошла на помош. Облекла уште една болничка наметка за да го покрие задниот дел од телото, ставила пластична прекривка за обувки на апостолките и ја породила жената.

Неколку минути подоцна и кај неа започнале контракциите, па истиот ден таа го родила нејзиното второ дете, ќерката Елен.

„Претходниот ден исто така извршив породување, така што се почувствував како да работам до последна минута. Но, ова буквално беше до последна секунда“, изјавила Хес.

Дело за почит: Необично породување што ќе ве остави без зборови!

Пациентката Лиа Хелидеј Џонсон не знаела дека и Хес требала да се породи истиот ден кога ја видела. Нејзиниот сопруг забележал дека носи болничка наметка, но Хес била целосно сконцентрирана и професионална.

Двете жени веќе се познавале, бидејќи Хес била една од докторите кои неколку пати ја прегледале Хелидеј Џонсон во истата болница. Но, таа не била одговорна за нејзиното породување, бидејќи и самата таа требала да се породи.

„Многу сум ѝ благодарна за сѐ што направи за моето семејство. Таа се докажа како жена, мајка, но и како докторка. Сега кога родив ќерка, се чувствувам подобро поради тоа што знам дека на светов постојат жени како неа“, открила Хелидеј Џонсон.

Оваа приказна била објавена на Фејсбук од страна на друга докторка која ја пофалила нејзината колешка, а наскоро станала популарна и во медиумите низ целиот свет.

Погледнете ги и овие преубави фотографии од природното породување на една мајка во нејзиниот дом.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар