Дали треба да престанете да купувате вода во шишиња?

Водата во шише е еден најпродаваните пијалаци во светот. Сè повеќе и повеќе луѓе купуваат вода во шише отколку сок или други видови пијалаци. И покрај тоа што таа може да чини од 500 до 1.000 пати повеќе од онаа од чешма, луѓето сепак ја одбираат токму неа без никакво размислување. Но, дали таа е поздрава? И дали има подобар вкус? Таа дефинитивно има големо количество на јаглерод. Некои извештаи велат дека во половина шише вода се наоѓаат дури и до 82,8 грама јаглерод, што не е толку незначајно кога сите го пијат. Па, дали треба да престанете да ја купувате оваа вода?

Дали треба да престанете да пиете вода во шишиња?

Наједноставниот одговор е: ДА! Вие треба да престанете да ја купувате водата во шише. Не постојат никакви докази дека таа е подобра за вас, баш напротив, таа може да е дури и помалку безбедна од водата од чешма. Две третини од водата од чешма доаѓа од вода на површината (резервоари, езера, река…) додека пак, останатиот дел од подземна вода (подземни геолошки формации каде што се собира водата од дождот). Таа подлегнува на ригорозни стандарди, па според професорот Пол Јангер, хидрогеохемичар, токму ова ја прави водата од чешма многу побезбедна од онаа во шише.

Инспекторатот за вода за пиење ги регулира главните извори за вода (99,97% од примероците поминуваат низ стриктни стандарди), додека пак, локалните авторитети го следат производството на водата во шише. Водата од чешма има остатоци од хлор во неа, кој најчесто не се чувствуваат, па токму тоа ја прави повеќе отпорна на бактерии. Доколку ви пречи хлорот, тогаш ставете покриена чаша вода половина час во фрижидер и тој целосно ќе исчезне. Исто така според Јангер, нема потреба од грижата дека водата во шише содржи естрогени од контрацепциони апчиња кои поминале низ бубрезите и потоа биле исфрлени од телото. Компаниите за вода ги обработуваат сите остатоци пред тие да пристигнат до природните води и не постои докази (од големи студии) дека естрогените се присутни во водата во шише.

Една студија која вклучувала 1.000 луѓе во Белфаст, открила дека не постои разлика помеѓу водата во шише и онаа од чешма во однос на тоа која е попријатна, почиста, поприродна или повеќе освежителна. Водата во шише може да доаѓа од извори или од водоводна мрежа. Таа исто така може да биде и преработувана, односно од неа се отстранува железото. Големиот успех кој водата во шише го доживеа се должи на одличен маркетинг и нашата мрзеливост која нè спречува да купиме шишиња за повеќе употреби и да ги наполниме со вода од чешма. Исто така, според Јангер, доколку решите да се откажете од водата во шише, нема потреба да компензирате со филтрирање на водата што доаѓа од чешма.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар