Какво е чувството кога секогаш сте опција, а никогаш приоритет?

Ништо нема моќ да ви даде енергија или психички да ве измачува како што тоа може да го прави љубовта. Кога работите одат одлично, се чувствувате полни со живот, енергични, подготвени сте да го освоите светот, но кога нештата не се одвиваат добро, сè ви се руши пред вашите очи. Се чувствувате како да треба да вложите огромен труд за да постигнете нешто.

1.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mk

Кога се работи за љубовта, ако не е возвратена, или е, но нееднакво, тоа е вашиот личен пекол. Личноста која е вашиот приоритет гледа на вас само како опција или како план Б.

1. Тоа боли повеќе од сè

Љубовта е и најдобриот пријател и најлошиот непријател на егото. Може да ви ја зајакне вербата во нештата или сосема да ве уништи.

Кога сте заљубени во некого, се отворате емотивно кон него или кон неа. Станувате ранливи и покажувате страна која само неколку луѓе добиваат шанса да ја видат. Всушност вие се нудите како жртва со надеж дека тој или таа подеднакво ќе се љуби во вас и ќе одлучи да ве одржува „живи“.

Кога ќе сфатите дека таа личност не ве сака како што вие ја сакате, дека вашиот приоритет ве гледа како опција, дека личноста која за вас значи сè не е заљубена во вас, добивате чувство како да лежите на маса додека тој или таа го прободува вашето срце со нож. Не, личноста нема направено ништо, а сепак боли толку многу.

2. Тоа е најсрамното чувство на светот

Егото може да ни биде повредено на повеќе начини, и тоа истовремено.

Како да не е доволно што вашето срце е скршено, па може дури и да се почувствувате многу засрамено. Луѓето се плашат да покажат како се чувствуваат еден за друг од многу причини, но оваа можеби е добар изговор за тоа.

Љубовта можеби е вечна и преубава, но не изгледа така во очите на личноста која не ја добива љубовта што ја пружа.

Ризикот е непредвидлив посебно кога се работи за љубовта, а вие токму тоа го правите кога изјавувате љубов. Се отворате емотивно, станувате ранливи, покажувате ретки чувства само за ви кажат дека сте смешни и дека само замислувате љубов која не постои. Можеби не ви се смеат во лице, но сигурно така се чувствувате. Ризикувавте и изгубивте.

3. Прави да ја доведувате во прашање вашата вредност

3.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mk

Вие можеби верувате дека сте одлична индивидуа, и можеби сте во право, но кога ќе откриете дека вашата љубов е одбиена или уште полошо, дека вие сте само опција, тоа ве доведува во ситуација да почнете да се прашувате дали навистина сте одлични како што мислите.

Секако, сите имаме работи на кои сме горди и други работи на кои не сме толку горди, но кога ќе ви кажат дека не сте доволно добри тоа ќе ве поттикне постојано да се преиспитувате себеси. Она што често го забораваме во ваква ситуација е дека проблемот можеби е во другата личност. Сепак, во тој момент се чувствувате ужасно и постојано се прашувате: Што не е во ред со мене?

4. Вашиот живот и вашата иднина се сосема извадени од колосек, и тоа делува страшно

Со месеци или со години сте се обидувале да станете вистинската личност за личноста која ја сакате, а всушност таа била погрешна личност за вас. Страшно е, зарем не?

Многу луѓе можеби не се нашле во идентична ситуација, но без разлика колку сте ја следеле таа личност, колку сте биле посветени на неа, без разлика колку сте го промениле вашиот живот, низ какви проблеми сте поминале за да ја задржите, без разлика на фактот дека во вашата глава веќе сте креирале заедничка иднина – сега сето тоа го нема. Уништено е. И сега треба да почнувате сосема од почеток, тргнувајќи се по пат кој сè уште не знаете ни дали е вистинскиот.

5. Прави да се прашувате за вашата перцепција кон светот, кон животот и кон вашата лична реалност

2.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mk

Љубовта има начин сè да нијансира со розова боја. Кога правиме работи во името на љубовта, сè има смисла, значење, цел, причина. Кога ја губиме таа смисла, остатокот од светот изгледа бесмислено. Светот не е базиран на љубовта кон него или неа, иако така не изгледа во вашите очи кога сте заљубени до уши.

Можеби сте имале вакво искуство и знаете колку е лошо, но после тоа вие сте попаметни и поискусни, знаете подобро да го процените ризикот и сфаќате дека целиот ваш свет не може да се врти околу возвраќањето на љубовта од личност која едноставно не се чувствува така. Тогаш можеби сте успеале да се спасите, но сепак, кога се случува прв пат, знае да биде многу болно и да се чувствувате како светот да исчезнал.

Единствената добра работа од оваа ситуација е лекцијата која ве учи дека љубовта не зависи само од вас, туку од двајцата. Па затоа бидете подготвени на сè!

6. Ве нервира и на некој начин ве мотивира

4.kakvo-e-chuvstvoto-koga-sekogash-ste-opcija-a-nikogash-prioritet-kafepauza.mk

Би требало ли да е вака? Можеби, а можеби и не.

Можеби би требало да оставите сè – да ја оставите таа личност. Можеби би требало да ги потиснете вашите емоции и да бидете разумни кога станува збор за него или неа.

Имате доволно причини да бидете нервозни и лути, а нема никаква причина за да не си го дозволите тоа.

Лутината може да биде неверојатен мотиватор, но не смеете да ја насочите кон себе или кон личноста која ве одбила. Вие веќе имате доволно грижи и проблеми и затоа повеќе не вреди да се вознемирувате околу личноста која ве повредила. Главата горе и фокусирајте се на себе и на тоа вашиот живот да биде подобар и поубав.

7. Сфаќате дека треба да го забавите темпото, да ги анализирате чекорите, да се реорганизирате и да го пренасочите својот живот

Откако ќе откриете дека личноста која ја сакате, не ве сака, најлошата работа што може да ви се случи е да се изгубите себеси. Тоа не смеете да си го дозволите.

Ако ви требаат неколку денови да ја испразните лутината, да ги разбистрите мислите или да тагувате, во ред, направете го тоа, но после тоа мора да се обидете да се смирите и да се соочите со ситуацијата.

Забавете малку и лоцирајте ги лекциите кои треба да се научат од ова искуство. Одвојте си време за да го разгледате светот околу вас, физичкиот свет кој постои надвор од вашата глава и продолжете напред.

Нема да биде лесно, но животот не е лесен. Никогаш нема да биде. Сè што можете да направите е да се трудите да го направите подобар, да создадете подобра реалност, подобар свет, и секако да уживате во секој чекор кој го правите одејќи напред во животот.

Никогаш не дозволувајте да бидете нечија опција – посебно не на личноста која ја сакате.

Имајте почит кон себе и најдете некој кој ќе ја разбира вашата вистинска вредност и кој ќе знае колку многу заслужувате да бидете сакани. Можете да потрошите години обидувајќи се да ја разберете мистеријата и да го лечите скршеното срце, но средете се и фокусирајте се на работите кои ви значат вам. Сè додека продолжите да станувате подобра личност, пред сè заради себе, некогаш ќе најдете личност која нема да сака ништо повеќе од тоа да ве љуби.


За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар