Филигрански базар во Безистен

Филигранот отсекогаш фасцинирал во Старата Скопска Чаршија. Познатата работилница Спарк Филигран на мајстор Аднан Рамадани, произведува не само уникатни парчиња филигрански накит, туку создава и нови мајстори на овој уникатен занает. Овие талентирани артисани својот уметнички сентимент, потенцијал и ново откриен талент, како и својата имагинација и чувство за перфекција го преточуваат во креирање на прекрасни форми кои ја пленат душата, а не можат да се најдат во продавниците. Филигранските базари се исклучителна можност каде може да ги видите и купите овие мали ремек-дела.

filigranski-bazar-vo-bezisten-kafepauza.mk

Mајстор Аднан Рамадани – Spark Filigree, Alma Idrizi Art, DobroMiStoi, Fil Ana design, Sara Filigree, Jeta Nika, Pazar F, Anechi’s Atelier, Leanan le Fay, Ксенија Котев, MijaTova, Filigranika и Lilee Filigree, ве покануваат во сабота во 20:00 во Безистен во Старата Чаршија. Базарот е поддржан и од кафулињата во Безистенот Beni’s Yellow Submarine, Old Time Caffe и Galerija Badaboom, каде и ќе се одржи настанот.

Под мотото „Support The Art of Filigree“ овој базар се организира со цел да се продолжи овој вид уметност и посетителите да имаат можност во живо да се сретнат со уникатните парчиња накит.

Ние не чекориме по жица, ние остваруваме сонови од жица 🙂

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар