7 неверојатни природни феномени

Природата ни дава единствени пејзажи кои се уживање за нашите сетила, но понекогаш знае да нè изненади со чудни феномени кои не можат целосно да се објаснат. Некои од нив имаат научна основа, но други се тотално мистериозни. Тоа ја прави самата природа толку уникатна и прекрасна. Ние ги издвоивме 7-те најневеројатни феномени кои се случуваат низ светот.

7 неверојатни природни феномени

1. Вечната бура во Венецуела

Мистериозната молња Кататумбо е уникатен природен феномен во светот. Се наоѓа на устието на реката Какатумбо и езерото Маракаибо. Овој феномен се состои од големи облаци од молња кои формираат голем електричен лак висок 5 километри. Ова се случува да трае 140-160 ноќи во една година, 10 часа во една ноќ и да удираат громови по 280 пати во еден час.

Оваа, скоро постојана бура, се случува врз мочуриштето на реката каде таа се слива во езерото и испарува. Се смета дека овој дел е најголем генератор на озон судејќи по атмосферското празнење и големата фреквенција. Оваа појава се користела и за навигација на бродовите векови наназад. Судирот на ветрови кои доаѓаат од Андите ги предизвикуваат молњите, а тоа е резултат на електричните празнења на јонизирачките гасови, посебно метан, кој потекнува од разградувањето на органските материи во мочуруштето.

Локалните еколози прават напори да го воведат овој регион под закрила на UNESCO, бидејќи сметаат дека оваа област може многу да помогне во заштита на озонската обвивка.

7 неверојатни природни феномени

2.  Дожд од риби во Хондурас

Оваа интересна појава се случува во малото гратче Јоро во периодот меѓу мај и јули. Сведоци на оваа појава се жителите на овој град каде според нив најпрво се создава голем, густ, црн облак проследен со громотевици и дожд кој трае 2-3 часа. По престанување на врнежите, огромен број риби се наоѓаат на земјата. Како стигнуваат таму сè уште не се знае точно. Луѓето си ги носат рибите дома и ги готват. Во таа чест, од 1998 година, се организира фестивал на дождот од риби кој е несомнено интересен да се посети.

7 неверојатни природни феномени

3. Козите на Мароко

Кози на дрвја се наоѓаат главно во Мароко. Тие се качуваат по нив за да им ги јадат плодовите на дрвјата Агран кои се слични на маслинките. Локалните фармери ги следат козите како се движат кон дрвјата, се качуваат по нив и ги јадат нивните плодови. Но, тие не ги следат козите само затоа што е невообичаено да се видат качени на дрво. Козите ги јадат само плодовите на овие дрвја додека семките ги плукаат бидејќи не можат да ги преработат. Па, тие семки потоа ги собираат фармерите бидејќи од нив се добива аграново масло кое се користи во кулинарството и козметиката.

Собирањето на овие семиња се одвива векови наназад, но денес ова дрво полека изчезнува поради пречестата берба, како резултат на што генерациите не се обновуваат. Но, исто така проблем се и големиот број кози кои ги соголуваат дрвјата од нивните плодови. Многу организации прават напори да се зачува ова дрво и овој реон го прогласија за заштитена биосфера каде е забрането пасење на козите.

7 неверојатни природни феномени

4. Црвениот дожд во Керала, Индија

Оваа појава за првпат била забележана од 15 јули до 23 септември во индиската држава Керала. Поројните дождови кои паѓале имале црвена боја слична на крвта. Исто така биле забележани и жолти, зелени и црни дождови. Првично се мислело дека дождот бил обоен како резултат на распукување на метеор, но подоцна во истражувањата нарачани од владата на Индија, се утврдило дека дождовите биле обоени од спорите на некои копнени алги кои живеат во тоа подрачје.

Во 2006 година, овие црвени дождови го свртеа вниманието на јавноста по откритието дека во нивната структура се наоѓаат вонземски клетки (истражување спроведено од Годфри Луис од универзитетот Махатма Ганди во Котајам). Сепак, на крајот, било утврдено дека тие честички се изотопи на јаглерод и азот.

7 неверојатни природни феномени

5. Најдолгиот морски бран во Бразил

Два пати годишно, во текот на февруари и март, водата од реката Амазон се завива во Атлантскиот Океан со што се генерира најдолгиот бран. Тој се појавува на устието на реката и се нарекува „Pororoca“. Брановите се високи околу 3,6 метри и траат околу половина час. Името „Pororoca“ потекнува од јазикот на домородното население Tupi што значи „голема деструктивна бучава“. Овој бран може да се слушне 30 минути пред неговото појавување и кога ќе се судри со копното може да уништи дрвја, животни и локални населби.

Оваа појава е многу интересна за сурферите. Од 1990 година па навака се одржува „São Domingos do Capim“ – шампионат во сурфање. На овие натпреварувања рекордот го има поставено бразилецот Пикурута Салазар. Тој сурфал 37 минути и поминал 12,5 километри. Сонот на секој сурфер е да јава бран што никогаш не завршува.

7 неверојатни природни феномени

6. Црното сонце во Данска

Во текот на пролетта, на околу половина час пред зајдисонце, јата од милиони сколовранци се собираат во неверојатни формации и го покриваат целото небо. Овој феномен се нарекува Црно Сонце и може да се проследи во Западна Данска од март до април. Тој предел е дом на огромен број сколовранци кои мигрираат од југ.

7 неверојатни природни феномени

7. Огнено виножито

Атмосферскиот феномен познат како „Пламенот на виножитото“, се појавува кога Сонцето е високо над небото т.е. повисоко од 58° од хоризонтот и неговата светлина поминува високо низ облаците кои имаат шестоаголна плоча од кристали. Сончевата светлина навлегува во вертикалната страна на кристалната плоча и се прекршува, расејувајќи се во убави и прекрасни бои. Кога кристалната плоча во облаците ќе се усогласи, се добива брилијантен спектар на бои кој потсетува на виножитото. Ова огнено виножито е фатено во северниот дел на Ајдахо, расположено на околу 100 метри квадратни на небото.

7 неверојатни природни феномени

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар