Колку чавки, толку петки

Секоја година, во текот на есента, илјадници птици од видот сколовранци прават спектакуларно танцувачко шоу на небото. Голема група од овие птици-преселници формираат магични форми на небесната широчина додека се во лет. Нив ги има најмногу во Европа, Азија, Африка, Северна Австралија и на островите на Пацификот. Својот талент сколовранците редовно го прикажуваат, а забавата која ни ја приредуваат на нас луѓето, е едно навистина фасцинантно доживување.Колку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиНаучниците не се сигурни како точно птиците успеваат да ги направат ваквите синхронизирани движења во лет и да формираат совршено прецизни форми. Дури и со помош на комплексни алгоритамски модели, не можеле да си ја објаснат акробатската вештина на овие птици. За да не се судрат меѓусебно и за да ги избегнат птиците грабливци, сколовранците се потпираат на нивната брза реакција при летање, која изнесува под 100 милисекунди. Овие птици летаат во масовни јата за да се заштитат меѓусебно, а нивната брзина на летање достигнува до 32 километри на час.Колку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиСколовранците се мали до средно големи птици и се едни од најкарактеристичните видови. Покрај нивните фасцинантни акробатски вештини, овие птици се интересни и бидејќи умеат да го имитираат црцорењето на другите птици, а нивниот репертоар вклучува 15-20 различни звуци. Тие исто така можат да имитираат и неколку звуци од црцорењето на дивите птици, како и звуците од уличните телефонски говорници и автомобилите.Колку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиКолку чавки, толку петкиПогледнете го неверојатниот танц во лет на сколовранците, во видеово снимено од страна камерманот и фотоновинар Дилан Винтер во 2010 година, кој пловел низ Велика Британија за да го разгледа и овековечи животинскиот свет. Оние кои се сè уште на училиште, може и да си викаат „колку чавки, толку петки“ додека уживаат во волшебната глетка. :)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    It’s such a wonderful world.

    Prirodata pravi cuda! PREKRASNO!

Остави коментар