12 нешта кои се случуваат кога вие и вашата пријателка живеете далеку една од друга

Како што поминува времето, така сè повеќе луѓе се преселуваат во други земји со цел да бараат подобро образование, работа и живот. Со оглед на тоа што овие бројки секојдневно се зголемуваат, постојат големи шанси дека токму вашата најдобра пријателка моментално живее далеку од вас. Доколку поминувате низ овие потешкотии, сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниве 12 нешта…

12-neshta-koi-se-sluchuvaat-koga-vie-i-vashata-prijatelka-zhiveete-daleku-edna-od-druga-www.kafepauza.mk

1. Ги злоупотребувате социјалните мрежи – Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Снепчет, Вајбер, Скајп… За да надополните за изгубеното време, вие во зависност од важноста на разговорот ги користите сите начини на комуникации кои ви се на располагање.

2. Ѝ пишувате пораките какви што би му го праќале на вашето момче – Посакувам да беше тука. Никој не ме разбира како тебе. Ништо не е исто без тебе. Ми недостасуваш. Врати се. Ми требаш во мојот живот…

3. Несвесно ги споредувате сите нови пријателки со неа – И потоа се разочарувате бидејќи никој не може да ја достигне идеализираната слика за неа која ја имате во вашата глава. Во тој момент уште повеќе ви недостасува и сфаќате колку сте среќни што таа е дел од вашиот живот.

4. Го планирате вашето време за спиење според нејзината временска зона – И покрај тоа што најчесто останувате будни цела вечер или пак, се будите во средината од ноќта, вам не ви пречи тоа бидејќи обожавате да разговарате со неа.

5. Редовно ја следите нејзината активност на социјалните мрежи – Со цел да бидете што повеќе вклучени во нејзиниот живот, вие редовно проверувате дали таа додала нови пријатели, каде излегувала и кој ѝ коментирал на статусите.

6. Не излегувате од дома пред таа да ја одобри вашата облека – Вие пред секое излегување од дома, особено кога станува збор за љубовен состанок, најчесто прво ѝ праќате фотографии од сите потенцијални модни комбинации, со цел таа да ја одобри совршената за вас.

7. Станувате малку љубоморни кога гледате други најдобри пријателки – Во тие моменти веднаш се навраќате назад во минатото, кога и вие сте ги правеле истите тие нешта заедно или сте се смееле една покрај друга и посакувате веднаш да се телепортирате крај неа.

8. Таа сè уште е првата личност која ги дознава вашите новости – Без разлика дали станува збор за прв љубовен состанок или интервју за работа, таа е првата личност на која ѝ се јавувате за да се пофалите или пожалите.

9. Ви недостасува дури и тишината – Понекогаш сè што ви е потребно е да ѝ се јавите и да не зборувате ништо, со цел да го почувствувате нејзиното присуство, исто како таа во тој момент да е покрај вас. Зарем има подобар начин да заспиете?

10. Почнувате уште повеќе да ја цените – Вие отсекогаш сте ја почитувале и ценеле, но кога сте почнале да запознавате нови луѓе, сте сфатиле дека таа е навистина уникатна личност и никој не може да ве разбере подобро од неа.

11. Таа е жртвата на вашите пијани пораки – Секогаш кога ќе испиете некоја чашка повеќе, вие прво помислувате на неа. Токму затоа и таа е секогаш од другата страна на линијата, подготвена да ве сослуша, утеши и едноставно да ве сака уште повеќе од претходно.

12. Ѝ испраќате статии како оваа – Вие постојано ѝ праќате статии и различни текстови кои ги опишуваат потешкотиите низ кои поминувате, и потоа заедно разговарате за начинот на кој и двете би можеле подобро да се справите со оваа ситуација.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар