Тест на личноста: Што барате од љубовта и кој холивудски убавец ви е суден?

Дали преферирате црвени ружи или чоколаден колач? Дали повеќе ве привлекуваат слатки и срамежливи момци или неодоливи лоши момци? Епа ајде, направете го овој интересен тест на личноста и откријте со кој холивудски фраер најдобро би се согласувале. Опуштете се и забавувајте се…

(1) Тест на личноста: Што барате од љубовта и кој холивудски убавец ви е суден?

1. Совршен состанок за Денот на вљубените е:

а) романтична вечера за двајца покрај светлината од свеќи

б) експериментирање во спалната соба со секси играчки

в) ноќ на модерна поезија во новиот хипстерски клуб

г) кауч, пица и гледање криминалистички ТВ серии

д) африканско сафари изненадување

2. Мојот омилен десерт е:

а) торта од јагоди со шлаг пена

б) чоколаден мус со чили и егзотичен бибер

в) неколку коцки темно чоколадо со висок процент какао

г) пудинг од ванила

д) сладолед од пиво

3. Кај мажите најмногу ме привлекува:

а) широки рамена

б) колекција кравати

в) интелигенција

г) очи

д) задникот во кожни пантолони

4. Најубавата љубовна песна според мене е:

а) I Will Always Love You – Витни Хјустон

б) Every Breath you take – Police

в) At Last – Ета Џејмс

г) Love Is Your Name – Стивен Тајлер

д) Sweet Dreams – Eurythmics

5. Љубовта е…

а) најмоќната сила која го движи светот

б) емотивна манифестација на физичките желби

в) енергија која дава крилја, но и која ги потсекува

г) неизбежен зачин на животот

д) непресушен извор на креативна инспирација

6. На почетокот од нова љубов би наздравиле со:

а) чаша шампањ

б) 50-годишно виски од шкотска дестилерија

в) минерална вода

г) ладно пиво

д) банџи скок од мост

7. Совршен подарок за Денот на вљубените е:

а) букет црвени ружи

б) пар лисици

в) претплата за научно списание

г) карти за кино

д) авторска песна отпеана со гитара под прозор

  • Резултати:

    Ако имате најмногу одговори под А – Вие сте кралица на романсата и непоправлива класичарка. Обожавате кога мажот ви се приближува преку долготрајно додворување, ви отвора врата, а на состанокот носи цвеќиња. Од мажите барате љубов и почит, но пред сè личност која ќе ве заштитува. Вам ви е суден филмскиот Тор и најсекси мажот во денешно време – Крис Хемсворт.

    (2) Тест на личноста: Што барате од љубовта и кој холивудски убавец ви е суден?

    Ако имате најмногу одговори под Б – Вие сте кралица на авантурите и ризикот е вашето средно име! Сакате да експериментирате, како во кујната, така и во спалната соба. Никогаш не играте на сигурно, а најмногу ве возбудуваат предизвиците во кои мора да се снајдете на лице место. Вам ви е суден недопирливиот Кристијан Греј, односно британскиот актер Џејми Дорнан.

    (3) Тест на личноста: Што барате од љубовта и кој холивудски убавец ви е суден?

    Ако имате најмногу одговори под В – Вие сте кралица на постојаноста. За вас најсекси маж е она момче кое не е свесно за својата привлечност. Тој е малку срамежлив, бескрајно интелигентен и многу духовит. Вие уживате во квалитетниот и здрав живот, па затоа и родени сте да бидете покрај слаткиот Ноа, односно добриот Рајан Гослинг.

    (4) Тест на личноста: Што барате од љубовта и кој холивудски убавец ви е суден?

    Ако имате најмногу одговори под Г – Вие сте кралица на разумноста и умереноста. Вам ве привлекуваат симпатични и добри момци со кои можете да ги споделите своите интереси и да ги одведете кај вашите родители на ручек. Во него гледате личност покрај кој би сакале да остарите. За вас совршен лик е Пет, односно златниот актер Бредли Купер.

    (5) Тест на личноста: Што барате од љубовта и кој холивудски убавец ви е суден?

    Ако имате најмногу одговори под Д – Вие сте кралица на неконвенционалноста и сакате во целост да уживате во животот. За вас непредвидливоста е највредна, па затоа и ве привлекуваат момци кои се подготвени за вас да отпатуваат до крајот на светот, како и да уживаат во необичните нешта и активности. Кој е подобар за тоа ако не капетанот Џек и забавниот Џони Деп?

    (6) Тест на личноста: Што барате од љубовта и кој холивудски убавец ви е суден?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар