12 луди мистерии на нашата планета кои сè уште не се решени

Мислиме дека ја имаме истражено целата планета и веќе сме подготвени да ја истражуваме вселената. Но, изгледа Земјата не завршила со нејзините изненадувања. Погледнете ги овие 12 факти за нашиот свет за кои сè уште нема објаснување.

1. Ја немаме достигнато мантијата на Земјата

(1)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Сеизмолозите сметаат дека внатрешното јадро на Земјата е цврсто, додека надворешното е течно. Веднаш над него се наоѓа мантијата на Земјата на која се „лизга“ нејзината површина. Но, ние не знаеме од што се состои овој слој бидејќи никогаш не сме го достигнале. Тој се наоѓа на длабочина од 30 до 2.900 километри. Најголемата дупка која ја има направено човекот се наоѓа во Русија и е длабока 12,3 километри.

2. Магнетните полови може да се сменат

(2)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Магнетните полови на Земјата можат да се движат и да ја сменат својата насока. Научниците откриле дека ова се случило многу пати. Последната промена настанала пред 10 милиони години и веројатно ќе настане пак. Но, никој не ја знае причината за ова.

3. Сме имале две месечини

(3)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Астрономите велат дека Земјата имала два сателита пред 4,6 милиони години. Вториот сателит имал дијаметар од 1.200 километри и ја следел орбитата на месечината сè додека не се судриле. Оваа катаклизма може да објасни зошто двете страни на месечината се толку различни.

4. Земјотреси на месечината

(4)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Малку луѓе знаат дека земјотреси има и на месечината. За разлика од овие на Земјата, тие не се толку моќни и се многу ретки. Постои верување дека тие се предизвикани од привлечната сила на сонцето и Земјата, како и од метеорите кои ја бомбардираат месечината.

5. Земјата се врти многу брзо

(5)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Земјата се врти со брзина од 1.600 километри на час. Нејзиното движење околу сонцето е уште побрзо – 108.000 километри на час. Поради константната брзина и силата на гравитацијата, ние не чувствуваме ништо. Само ако се промени брзината би можеле нешто да забележиме.

6. Времето „расте“

(6)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Пред 620 милиони години, еден ден на Земјата траел околу 21,9 часа. Земјата полека забавува, а тоа се случува со брзина од 70 милисекунди на секои 100 години. Па, тоа значи дека уште 100 милиони години денот на Земјата ќе биде 24 часа.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Kosta Reply

    Благодарност за текстот.

    Во однос на составот на земјината кора, мислам дека силициум е посоодветен збор кој би можел да се употреби отколку силикон.
    Силиконот е полимер, кој се користи најчесто во производство на пластика, додека силициумот е хемиски елемент од Периодниот систем.

    Поздрав

    • Моника Трајковска Reply

      Здраво Коста,

      Ти благодариме за забелешката, грешката е поправена.

      Поздрав и убав ден

Остави коментар