Тест: Откријте кој од четирите главни елементи преовладува кај вас

Тест: Откријте кој од четирите главни елементи преовладува кај вас

Кај секој човек во помала или поголема мера владеат четирите главни елементи: вода, воздух, земја и оган. Нивната пропорција во голема мера ги одредува индивидуалните карактеристики на личноста како што се темпераментот или карактерот. Овој тест ќе ви помогне да откриете кој од овие елементи преовладува кај вас. Погледнете ја сликата и брзо одлучете се за еден елемент, но не ги игнорирајте ги резултатите затоа што тие ќе ви откријат нешто повеќе за вашите скриени квалитети.

Тест: Откријте кој од четирите главни елементи преовладува кај вас

  • Слика бр. 1

    Вашиот елемент е воздухот. По природа сте спонтана личност и постојано се движите напред, во потрага по нови предизвици и авантури. Сите ве опишуваат како друштвена и шармантна личност и постојано сте опкружени со пријатели. Сакате да се забавувате. За вас, животот би немал смисла доколку ѝ се предадете на секојдневната рутина, па така везден сте во потрага по нешто ново, бегајќи од монотонијата и секојдневието.

  • Слика бр. 2

    Вашиот елемент е огнот, а тоа значи дека имате извонредни лидерски квалитети. Обдарени сте со страстен темперамент и желба да се издвоите од мнозинството. Тоа не е тешко да се забележи: давате сè од себе за да изгледате подобро од сите други. Наметливи сте, енергични и секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието. Понекогаш е тешко да се справиме со нив затоа што честопати се тврдоглави и неспособни за конструктивен дијалог, сметајќи дека само нивното мислење е точно.

  • Слика бр. 3

    Вашиот елемент е земјата што значи дека вие сте рационално и мудро суштество и не сте склони кон сентименталност. Тоа може многу да ви помогне во животот: малку работи можат да ве извадат од рамнотежа. Трезвено гледате на работите и имате остар ум кој може да ви помогне да ги читате луѓето како отворена книга. Сепак, во некои случаи се истакнувате со прекумерна претпазливост како и недоволна љубов, нежност и грижа, особено кон вашите најблиски.

  • Слика бр. 4

    Водата е вашиот елемент. За вас карактеристично е тоа што го сакате животот, ги сакате луѓето и сонувате за голема и несебична љубов. Во животот често сте жртва на измама затоа што кај другите го гледате само доброто, затворајќи ги очите пред нивните недостатоци, а понекогаш и пороци, особено кај партнерот. Полни сте со креативност што лесно можете да ја преточите во песна, слика или друга форма на уметност. Целосно сте посветени на семејството и лојална личност сте по природа.

Доколку се забавувте со овој тест, откривајќи нешто повеќе за вашите скриени квалитети, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете кои се вашите скриени моќи.

Извор: namastest.net


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар