12 луди мистерии на нашата планета кои сè уште не се решени

7. Чудна гравитација

(7)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Земјата не е сфера, па постојат места со повисока и пониска гравитација. Една ваква аномалија има на заливот Хадсон во Канада. Научниците откриле дека слабата гравитација овде е предизвикана од малата густина на Земјата и поради брзото топење на мразот.

8. Најжешките и најстудените точки на Земјата

(8)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Најжешкото место на Земјата е Азизија во Либија, со температура до 58 степени Целзиусови. Најстуденото место е Антарктикот, каде што температурата може да се спушти и до -73 степени Целзиусови. Но, најниската температура некогаш измерена била на руската станица Восток во 1983. Температурата била -89,2 степени Целзиусови.

9. Планетата е многу загадена

Ова и не е некоја новост. Но, астронаутите велат дека во 1978 година погледот кон Земјата бил многу поразличен од денешниот. Со многу вселенско ѓубре и отпад, нашата зелено-сина планета полека станува кафеаво-сива.

10. Земјата се состои од железо, кислород и силициум

(10)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Ако ги разделиме составните делови на Земјата, тоа би изгледало вака: 32,1% железо, 30,1% кислород, 15,1% силициум и 13,9% магнезиум. Поголемиот дел од железото, околу 90% се смета дека се наоѓа во јадрото, додека површината содржи најмногу кислород, околу 47%.

11. Земјата била виолетова

(11)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Древните растенија користеле ретинал наместо хлорофил за апсорбирање на светлина. Поради ова тие рефлектирале црвена и сина светлина, а не зелена, и резултатот бил виолетовата боја. Некои бактерии сè уште користат ретинал.

12. Скриен океан

(12)12-ludi-misterii-na-nashata-planeta-koi-se-ushte-ne-se-resheni-kafepauza.mk

Научниците откриле огромен базен со вода длабоко под површината на Земјата, на околу 410-660 километри. Овој базен е стар повеќе од 2,7 милијарди години. Водата во него е под огромен притисок, а нејзиниот волумен е доволен за 3 пати да ги наполни океаните на Земјата. Ова откритие е причината за мислењето дека океаните се појавиле поради подземна експлозија на ваков базен.

Погледнете и кои се најголемите нерешени мистерии за универзумот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Kosta Reply

    Благодарност за текстот.

    Во однос на составот на земјината кора, мислам дека силициум е посоодветен збор кој би можел да се употреби отколку силикон.
    Силиконот е полимер, кој се користи најчесто во производство на пластика, додека силициумот е хемиски елемент од Периодниот систем.

    Поздрав

    • Моника Трајковска Reply

      Здраво Коста,

      Ти благодариме за забелешката, грешката е поправена.

      Поздрав и убав ден

Остави коментар