10 нешта кои им се случуваат на сите жени пред да одат на одмор

Подготвени сте за летниот одмор? Веќе сте резервирале и сте уплатиле, сега сè што преостанува е да се спакувате и да тргнете… Барем така би помислиле. Но, реалноста е малку поинаква. Погледнете со што се соочуваат СИТЕ жени неколку дена пред да тргнат на својот летен одмор…

12 нешта кои им се случуваат на сите жени пред да одат на одмор

1. Се запрашувате кога животот вклучувал олку избори

Што се однесува до вас, најтешкиот дел бил завршен. Дестинацијата е одбрана, превозот е одреден и сместувањето е резервирано. Па, тогаш зошто е толку тешко да одберете перница за патување или куфер?

2. Во паника купувате целосно нова гардероба

Стоите пред вашиот шкаф, кој е преполн со облека и сфаќате дека „немате“ што да носите на одмор, па токму затоа одите во шопинг и купувате целосно нова облека. И секако, потоа немате доволно место во куферот и мора да одлучите што да исфрлите од него.

3. Почнувате да се однесувате кон пасошот како да ви е првородено дете

Во текот на целиот ден се грижите да не случајно орел влетал во вашиот дом, наоѓајќи го пасошот во фиоката покрај вашиот кревет и носејќи го некаде далеку од вашиот дом… Некако сте успеале да станете како Рејчел од „Пријатели“.

4. Стравот од патување почнува да се појавува во вас

И одеднаш сфаќате дека гледате морбидно фасцинантни документарни програми за историски авиони кои никогаш не биле најдени… Или пак, читате статистки за бродоломи и сообраќајни несреќи…

5. Перење. Толку многу перење!

Бидејќи сто пати сте се премислиле за облеката која сакате да ја носите со вас на одмор, вие деновите пред патувањето од сабајле до вечер ги поминувате покрај машината за перење. И тоа што е најинтересно, бидејќи сте прецениле колку брзо може да се исуши облеката, завршувате со куфер полн со половично исушена облека.

6. Продуктите за убавина ви зафаќаат најголем дел од куферот

И тоа е една од причините зошто вашиот куфер е дупло потежок од оној на другите. Вие не само што во него имате облека за 3 одмори, туку имате доволно продукти да отворите продавница за убавина.

7. Почнувате да се опседнувате со минијатури

Минијатурен шампон. Минијатурна крема. Минијатурен сапун. Сè е минијатурно! И за еден краток момент, не можете да се сетите какво е чувството да се користи шампон кој не е со големина на вашиот показалец.

8. Одеднаш одлучувате дека ви е потребна детоксикација

Пред да испиете 3 пива и да изедете кило компири вечерта пред да тргнете на одмор.

9. Вашите приоритети почнуваат да се мешаат

И токму затоа 3 часа пред да треба да тргнете во вашиот куфер нема ништо друго освен стап за правење селфи со вашиот смартфон.

10. Вие имате емоционално збогување со вашиот фен за коса

Збогум моќен пријателу кој секогаш ја правиш мојата коса како да сум излегла од фризерски салон. Добредојде малечок фен за патување, кој едвај има сила да ја исуши мојата коса.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. S. Reply

    Pochnuvaat da vezhbaat , kako 10 dena da kje smenat neshto. Been there , done that :$

Остави коментар