10 начини на кои хакерите можат да ги украдат вашите лозинки и како да се заштитите

Вашите лозинки се зачувани во безбедносни системи со посебни алгоритами. Хакерите се обидуваат да дојдат до овие лозинки користејќи разни техники. Една од најпопуларните е наречена „Напад на речник“ каде што компјутерот се обидува одново и одново. На пример, во јули 2017-та година, хакерите успешно украдоа 1,5 терабајти информации од HBO, вклучувајќи го и сценариото за една епизода од „Игра на тронови“. Во продолжение погледнете некои од најпознатите техники со кои се крадат вашите лозинки, но и како да се заштитите.

1. Небезбедни Wi-Fi мрежи

Отворените Wi-Fi мрежи, односно оние што не бараат лозинка, на некој начин се бесплатен пристап до сите ваши информации. Сè што работите може да биде набљудувано од некој друг кој е поврзан на истата мрежа. Ако е навистина неопходно да користите отворена мрежа, користете VPN (Virtual Private Network) за да го заштитите вашиот канал.

2. Слаба енкрипција и недостаток од PIN на вашиот рутер

Користете само WPA (Wi-Fi Protected Access) со силен протокол кој е посилен од WEP (Wired Equivalent Privacy). Ова може да се промени на веб-сајтот на рутерот. Исто така хакерите ја користат ранливоста WPS (Wi-Fi Protected Setup) за да добијат лозинки од вашата мрежа. Па, најдобро е да го исклучите WPS методот за препознавање на веб-сајтот на вашиот рутер.

3. Небезбедни веб-сајтови

Често веб-сајтовите со симбол на катанец се сомнителни и може да украдат информации од вашиот компјутер. Исто така ако сте на веб-сајт што бара податоци за најава, како за банкарска сметка, секогаш проверете дали има зелен симбол за катанец.

4. Непознати програми

Дозволување на пристап на програми кои не ви се познати, или чие име го немате слушнато, може навистина да му наштети на вашиот компјутер. Ако сте направиле нешто вакво, најдобро е да го избришете тој софтвер и да го скенирате вашиот компјутер со анти-вирусна програма.

5. Поврзување на профили од социјални мрежи со непознати веб-сајтови

„Допаѓање“ на Фејсбук или Твитер профили на сомнителни страни ѝ дозволува на страната да собере ваши податоци. Обидете се да не го поврзувате вашиот кориснички профил од социјалните мрежи со други веб-сајтови. Правете го тоа само ако е навистина неопходно.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар