10 начини на кои хакерите можат да ги украдат вашите лозинки и како да се заштитите - Part 2

10 начини на кои хакерите можат да ги украдат вашите лозинки и како да се заштитите

6. Откривање на вашиот телефонски број за најава на социјалните мрежи

Хакерите пронајдоа недостаток кај Фејсбук и другите социјални мрежи и можат да ја користат функцијата „Заборавена лозинка“ со тоа што ја пренасочуваат пораката од вашиот телефон користејќи го SS7 (Signaling system number 7) недостатокот во системот. Немојте никогаш да го поврзувате вашиот телефонски број со профилите на социјалните мрежи. Користете имејл адреса за најава.

7. Не го надградувате оперативниот систем

Немојте да користите Windows XP или постара верзија бидејќи се поранливи на хакерски напади. Безбедносниот систем на овие оперативни системи е застарен.

8. Sandbox

Ако сакате да бидете побезбедни додека сурфате на интернет, користете го софтверот Sandbox. Оваа програма го ограничува софтверот во заштитена средина и ги дозволува само основните ресурси, притоа блокирајќи ги сите непотребни дозволи за пристап, како на пример до вашите податоци.

9. Сомнителни имејлови

Хакерите користат SMTP (Simple Mail Transfer Protocol) за да внесат разни вируси, спам пораки и податоци на вашиот компјутер. Не отворајте ги електронските пораки кои изгледаат како спам и не отворајте ги сомнителните прикачени фајлови. Наместо тоа, скенирајте го фајлот со антивирусна програма и проверете го насловот на имејлот.

10. Синхронизирани податоци

Хакерите можат да ги нападнат серверите облаци на многу разни начини, како на пример со DDOS (Distributed Denial of Service) напад. Секогаш чувајте ги вашите податоци офлајн на направа со надворешна меморија, како хард диск или УСБ.

Прочитајте и како максимално да ги заштитите вашите профили.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар