Новиот фотоапарат од Лајка – V-Lux 30

Лајка е еден од најпрестижните брендови меѓу љубителите на фотографирањето, а нивниот нов компактен дигитален фотоапарат, моделот V-Lux 30, сигурно ќе привлече и нови фанови. Овој модел се карактеризира со 14.1 мегапикселен сензор, 16x оптички зум, 3-инчен дисплеј, можност за снимање видео во HD и GPS кој овозможува географско означување на фотографиите.Новиот фотоапарат од Лејка - V-Lux 30Во споредба со другите фотоапарати од неговата класа, овој е доста попристапен и чини 749 долари. Најголема вредност во цената има препознатливото црвено лого, додека според својствата, V-Lux 30 одговара на апаратите од средната класа на Панасоник.Новиот фотоапарат од Лејка - V-Lux 30Новиот фотоапарат од Лејка - V-Lux 30Сепак, за љубителите на фотографирањето кои имаат стил, логото и кожната футрола ќе значат многу.Новиот фотоапарат од Лејка - V-Lux 30Новиот фотоапарат од Лејка - V-Lux 30Инаку, Лајка набрзо ќе ја означат 100-годишнината од своето постоење во бизнисот со компактни фотоапарати, па во блиска иднина може да очекуваме и нови модели кои секој фотограф би посакал да ги има.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар