Бијонсе ги изненади фановите со нов албум и 17 видео записи

Бијонсе навистина знае како да направи бум на музичката сцена, па и да ги изненади фановите со своја верзија на новогодишен подарок. Денес, без никаква претходна најава, таа објави цел албум од 14 песни и 17 кратки Јутјуб-видеа, кои најавуваат како ќе изгледаат спотовите.

Овој спонтан пристап кон начинот на објавување бил стратегиски испланиран, со цел да се спречи излегувањето на албумот во јавност, пред да биде официјално пуштен. Затоа, уште сега музичкото студио „Parkwood Entertainment/Columbia“, решило ексклузивно да го постави албумот за продажба на iTunes. Не е ни за изненадување дека кралицата на поп, аренби и соул музиката реши да направи нешто што никој не го направил досега – да објави цел албум и сите видео записи, одеднаш.

Бијонсе ги изненади фановите со нов албум и 17 видео записи

Дел од соработниците на Бијонсе во албумот се Џеј Зи, Тимбеленд, Џастин Тимберлејк, Фарел Вилијамс, Дрејк, Сиа и многу други. Во спотот за песната „Blue“ се појавува и ќерката на Бијонсе, Блу Ајви, додека во спотот за „Grown Wоman“ е вклучена и мајката на Бијонсе, Тина.

Бијонсе ги изненади фановите со нов албум и 17 видео записи

Во однос на ваквата идеја Бијонсе вели: „Не сакав да ја објавам мојата музика онака како што сум го правела тоа досега. Ми досади од тој начин. Чувствувам дека вака можам директно да им се обратам на моите фанови. Постојат толку многу работи кои се испречуваат помеѓу музиката, изведувачот и фановите. Почувствував дека не сакам никој да ја пренесе пораката за тоа кога мојот албум ќе излезе. Сакав само да излезе тогаш кога ќе биде подготвен и да биде пренесен директно, од мене кон моите фанови.“

Најверојатно никој досега ја нема обвинето музичката дива дека е досадна, а фановите ширум светот веќе ги фати „треска“, додека неуморно ги проверуваат сите визуелни прикази од спотовите, кои траат по 30 секунди. Ѕирнете ги и вие.

1. Pretty Hurts

2. Haunted

3. Drunk in Love (Featuring JAY Z)

4. Ghost

5. Blow

6. No Angel

7. Yoncé

8. Partition

9. Jealous

10. Rocket

11. Mine feat. Drake

12. XO

13. **Flawless

14. Superpower

15. Heaven

16. Blue featuring Blue Ivy

17. Grown Woman




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар