Поезија: Безбедност

Автор: Александра

Поезија: БезбедностКога соновите се одамна почнати,
кога низ прозорецот ѕирка
испрекината светлина
од уличната сијалица,
кога дождот непрестајно удира
во лимениот олук
и сенките на дрвјата се клатат,
небаре ветрот ќе ги сотре,
тогаш моите очи се ширум отворени,
тогаш се претворам во кроткост,
тогаш испарува сета моја стабилност и возрасност,
тогаш треперам во пижамите,
забите ги заривам во ќошот од јорганот,
и низ измешаната постела
се провирам,
брчкам,
лутам,
барајќи ја твојата заспана рака.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар