Тест: Начинот на кој го држите пенкалото открива каква личност сте

Сигурно сте забележале дека секој држи пенкало малку различно. Овие суптилни разлики се всушност знаци на нашите скриени карактеристики. Подготвени сте да ги дознаете вашите?

Тест: Начинот на кој го држите пенкалото открива каква личност сте

На кој начин го држите пенкалото со вашата доминантна рака?

1. Ако го држите пенкалото вака…

Тест: Начинот на кој го држите пенкалото открива каква личност сте

Како ве гледаат другите: Уверливи сте и рационални. Имате флексибилен ум и одлични комуникациски вештини. Бидејќи имате силна личност, луѓето околу вас се под ваше влијание иако понекогаш не се свесни за тоа. Секогаш настојувате да го довршите она што сте го започнале и многу сте независни. Се чувствувате најудобно кога сте зафатени.

Како ве гледаат блиските пријатели: Секогаш ги имате своите цели во глава и самостојно донесувате одлуки. Постојано сте во движење, така што тешко ви е да одвоите време за луѓето околу себе. Многу сте трпеливи, но често не ги откривате своите вистински чувства. Не се оптоварувате со тоа што другите мислат за вас.

Како ве гледа партнерот: Интерно имате страсна невиност, а однадвор софистицирани манири. Вие не се истакнувате и многу сте скромни.

2. Ако го држите пенкалото вака…

Тест: Начинот на кој го држите пенкалото открива каква личност сте

Како ве гледаат другите: Прилично сте интровертни. Луѓето кои не ве познаваат не можат ни одблизу да претпостават што ви поминува низ главата. Отворени сте за промени, но не се носите добро со нив ако дојдат ненадејно. Имате голема самоконтрола и не сакате да прифатите ништо помалку од совршенство, без разлика дали се работи за нешто за вас лично или за другите.

Како ве гледаат блиските пријатели: Многу сте самоуверени и имате силна волја. Енергични сте и храбри и ретко се колебате. Вие слушате што другите имаат да кажат за вас и знаете што треба да направите за да си ја направите моменталната ситуација подобра. Тоа ве разликува од другите луѓе кои би започнале нешто само затоа што некој така им кажал. Очекувате многу од себе.

Како ве гледа партнерот: Многу сте интелигентни и имате остро и проникливо око. Обѕирни сте кон другите и имате добра смисла за хумор.

3. Ако го држите пенкалото вака…

Тест: Начинот на кој го држите пенкалото открива каква личност сте

Како ве гледаат другите: Лесно се прилагодувате на секоја ситуација. Добро се вклопувате во секое опкружување и ширите позитивно влијание. Лесно се спријателувате и луѓето се привлечени од вас. Вие сте интелигентни и рационално и емоционално. Можете да смислувате иновативни идеи и родени сте за да бидете лидер.

Како ве гледаат блиските пријатели: Вие сте дружељубиви и постојано сакате да се дружите со некој. Преземате целосна одговорност кога некому должите услуга или кога давате ветување. На сите им се допаѓате такви какви што сте, но тоа може да ве наведе и на донесување одлуки кои не се во вашиот најдобар интерес.

Како ве гледа партнерот: Самоуверени сте. Ја изразувате вашата љубов преку жртвување и грижа за партнерот.

4. Ако го држите пенкалото вака…

Тест: Начинот на кој го држите пенкалото открива каква личност сте

Како ве гледаат другите: Вие сте софистицирани и нежни. Секогаш сте мирни и прибрани и ретко се лутите. Многу сте креативни и секогаш сте пред своето време. Не сакате да се расправате, па дури и кога некој не се сложува со вас. Во такви ситуации само молчите и слушате.

Како ве гледаат блиските пријатели: Емоционално сте зрели и имате големо срце. Вашите пријатели мислат дека сте многу мудри. Знаете што да направите за да помирите двајца луѓе, но некои мислат дека тоа го правите за да избегнете одговорност за што било. Однадвор изгледате сериозно, но однатре вие сте преполни со детска невиност и хумор. Тоа е дел од вашиот шарм.

Како ве гледа партнерот: Промислени сте и потенцијално сте долгорочен партнер. Со партнерот меѓусебно се надополнувате и имате здрав однос.

5. Ако го држите пенкалото на некој друг начин…

Тест: Начинот на кој го држите пенкалото открива каква личност сте

Како ве гледаат другите: Упорни сте, добар говорник и спремни сте да ги водите другите. Не постои ништо што ве плаши бидејќи сѐ за вас е животна лекција. Кога другите ве повредуваат се обидувате да не го покажете тоа. Бидете верни на своето срце и дозволете им на оние кои ве повредиле да знаат дека биле некоректни со вас.

Како ве гледаат блиските пријатели: Вие сте срдечна личност. Не се плашите да преземете акција за своите сакани. Вашите пријатели многу ве ценат заради вашата храброст и праведност.

Како ве гледа партнерот: Вие сте цврсти однадвор, а меки однатре. Тивко им помагате на оние околу вас, но не грижете се, сите тие тоа го забележуваат и го ценат.

Според начинот на седење, лесно можете да одредите нечиј карактер. Кликнете на сликата за да дознаете повеќе.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар