3-те најопасни хороскопски знаци: Тие се подли, злобни и неизмерно опсесивни

Вашиот хороскопски знак може многу да говори за вашиот карактер, изглед, добрите страни, како и за мааните. Имајќи го тоа на ум, постојат 3 знаци кои според ѕвездите се најлошите во целиот Зодијак. Погледнете за кои станува збор и откријте дали и вие сте паднале под нивното влијание…

3-те најопасни хороскопски знаци: Тие се подли, злобни и неизмерно опсесивни

Девица

Девиците се опсесивно компулсивни невротичари кои од стресот се ослободуваат така што го чистат станот или ја средуваат облеката. Тие се презафатени со своите обврски и никогаш ништо не им е доволно. Тие не познаваат љубов и не се способни да чувствуваат, па токму затоа сè во нивниот љубовен живот се врти околу секс. Само роботот би можел да биде поприсебен и поладен од Девиците. Тие кога тогаш без сомнение ќе ви забијат нож во грбот и тоа ќе биде промислено, анализирано и потврдено како најдобрата опција за нив. Девиците глумат толку добро, што со месеци нема да забележите дека дошло време да ве елиминираат. Дури тогаш кога ќе бидат сигурни во својот план, тие ќе ги откријат своите намери.

Девиците исто така се и нарциси кои се грижат само за својот изглед и тежнеењето кон совршенство. Кај нив нема страст, прегратки, нежности, топлина… Да ги нема нивните невротични нервози и постојаното брзање кое со тек на време ќе пукне и ќе доведе до губење на нивната рационалност, вие би си помислиле дека имате работа со роботи. Но, немојте да ги помешате овие губења на контролата со емоции. Станува збор само за рефлекс со цел да се вратат повторно во нормала.

Скорпија

Скорпиите често се самосожалуваат и се однесуваат деструктивно кон себе. Тие не можат сами да го поднесат својот јад, па токму затоа и мораат да повлечат уште 100-тина луѓе со себе. Доколку утре е крајот на светот, тие не би се шокирале, туку најверојатно би го дочекале во оргија. Смртта за нив не е ништо страшно и најчесто се возбудуваат на сите оние нешта кои обичните смртници ги сметаат за морничави. Скорпиите често се доживуваат како љубоморно посесивни психопати. Без секс, тие психички се разболуваат и си замислуваат дека им се подготвува голема завера.

Скорпиите се емотивно незрели, недораснати, подли и злобни деца кои сакаат да се одмаздуваат и не се воздржуваат од ништо. Често се муртат и лутат, бесни се, плачат и гризат… Во тие моменти имаат тенденција да мразат со целата своја душа. Без разлика на годините, зрелоста или полот, кога длабоко ќе погледнете под нивната површина која најчесто делува интелигентно, опасно или лукаво, ќе најдете емотивно незрела личност, исплашена, на 5-годишна возраст. Но, тие сепак се огромни злопамтила и кога ќе ви се одмаздат, вие нема да ја помните ни причината за нивната лутина.

Јарец

Јарците веруваат во судбина до крај, а зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Вие можете да живеете покрај нив цел живот, да бидете заедно во брак, но сепак никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Тие не знаат да ги искажуваат своите емоции преку зборови, па наместо „те сакам“ ќе ве дочека одбивање. Јарците би се продале за социјален статус. Тие се кукавици и бегаат во истиот момент кога ризикот ќе се зголеми. Бегањето и оставањето на цедило е нешто што го прават во текот на целиот нивен живот.

Јарците се емотивно неписмени и не само што се неспособни да ги покажуваат своите емоциите, туку и не знаат како да ги примат или пружат. Тие се многу бавни, мрачни и сиромашни за да можете покрај нив да почувствувате вистинска радост и задоволство од животот. Токму затоа и најдобро е да се држите настрана од овие кукавици без емоции и многу комплекси.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Елена Reply

    Јас сум Скорпија и не се солгасувам со напишаното. 🙂

  2. Dragana Reply

    Јас сум Девица и најмногу си се дружам со останатите ЗЛОБНИЦИ, Шкорпија и Јарец и топ ни е :*

  3. realist Reply

    ве следам често,али темава ви е толку дтрашен и непотребен филер што апсолутно нема баланс во тоа што го пишувате.имам од сите знаци по еден пријател/ка и можам да кажам дека тоа со скорпијата ви нема појма.поздрав и без понатамошна бламажа

  4. Jarec Reply

    Јас сум Јарец и како да му ја објаснам на моето дете оваа реченица:
    “Токму затоа и најдобро е да се држите настрана од овие кукавици без емоции и многу комплекси.”
    Па каде да оди, да избега од сопствениот татко затоа што е во хороскоп јарец. :-)))

  5. Kristijan Reply

    jas sum skorpija a mojata sopruga e rak .. i cesto se karame za gluposti .. jas mislam deka rakot e najopasnoto najzlobnoto najladnokrvnoto i najbezmilosno sustestvo vo horoskopot .. iako go kazvaat kako romnticno i milo sustestvo :(((

  6. SM Reply

    Toj sto seriozno se zanimava so astrologija znae deka vakvo generaliziranje na zodijakot ne e precizno. Vsusnost sekoj znak ima i dobri i losi strani.Sfatete go ova kako zabava.

Остави коментар