Совети од фризерите: 5 најдобри масла за секој тип коса!

Маслото за коса е омилен производ на сите фризери – и поради добра причина. Маслата се богати со хранливи состојки кои ја обновуваат и штитат косата, но и го поттикнуваат нејзиниот раст. Затоа стручњаците Кевин Манкус, креативен директор на „Nexus“ и Герет Маркенсон, стилист од „Reverie“ открија кое масло е најдобро за секој тип коса.

1-soveti-od-frizerite-5-najdobri-masla-za-sekoj-tip-na-kosa-www.kafepauza.mk_

1. За тенка коса: Масло од авокадо

Ако вашите влакна се истанчени, ве советуваме да пробате масло од авокадо кое позитивно ќе влијае на растот на косата и ќе ѝ пружи фантастичен сјај. Притоа нема да имате чувство дека вашата коса е претешка или слепена. После примената, маслото од авокадо одлично се апсорбира, па бидете сигурни дека вашата коса нема да се измрси. Секогаш имајте на ум дека што полесно е маслото, толку е подобро за тенката коса.

2. За густа или виткана коса: Бабасу масло

Ако имате густа коса со богат волумен или бујни локни, сигурни сме дека сте во вечна потрага по производ со кој ќе можете да ја обликувате и дефинирате вашата фризура. Можете да престанете со потрагата, бидејќи за вас е идеално бабасу маслото. Шеа путерот и кокосовото масло се исто така добра опција, но омилениот производ на Манкус е бабасу маслото кое се добива од палма. Ова масло не е мрсно и не иритира, а се покажало како одлично средство за обликување на густата коса.

3. За бојадисана коса: Марула масло

Ако вашата коса е сува и оштетена од бојадисувањето, тогаш најверојатно знаете дека водата е ваш природен непријател. Но, добрата вест е дека секако можете да користите природно средство кое ќе ѝ ја даде потребната влажност на косата и ќе ѝ го врати здравиот сјај. Затоа омиленото масло на Маркенсон е маслото од марула кое се добива од плодот на дрвото марула. Ова хранливо масло е богато со витамини Е и Ц, па затоа е многу делотворно и ја обновува оштетената коса.

4. За сува или масна кожа на темето: Масло од чајно дрво

Можеби мислите дека ви се потребни две различни масла во борбата со овие проблеми, но со оглед на тоа дека станува збор за хемиска нерамнотежа на темето, може да ви помогне само едно масло. Станува збор за маслото од чајно дрво кое е познато по антифугалните и антибактерски својства. Ова масло е одлично за ослободување на мрснотиите кои се собираат на темето како и изумрените ќелии кои предизвикуваат појава на првут. Исто така, ова масло е познато по одличниот поттик за раст на косата.

5. За сува коса: Масло до арган

Како времето станува поладно, сувата коса може да стане сѐ поголем проблем. Маслото од арган е одлично за овие проблеми, бидејќи ја ревитализира косата и ги обновува оштетените краеви.

Како се користат маслата за коса?

Постојат неколку начини на кои можете да ги правите овие мали бјути третмани. Прво и основно е да знаете дека може да користите производи за коса кои во себе содржат повеќе видови масла или ладно пресувано масло – кое најверојатно го имате во кујната.

Исто така, маслото може да го аплицирате на сува или влажна коса, кога ја правите фризурата или како производ за длабинска нега и хранење. За длабинска нега, ви препорачуваме после шампонирањето и плакнењето со вода, да го исцедите вишокот вода (што повеќе можете) и потоа со рацете да нанесете масло на косата (од темето до врвовите). После тоа ставете ја косата во капа за туширање. Оставете маслото да постои на главата околу 45 минути или во текот на ноќта – ако вашата коса е премногу оштетена.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар