Вистината за белите влакна: Дали и вие ќе имате седа коса?

Кога станува збор за убавината и здравјето, секојдневно се соочуваме со различни митови. Ситуацијата воопшто не е различна ни кога станува збор за белите влакна. Токму затоа погледнете ги следниве неколку факти кои можат да ви покажат кога вашата коса ќе почне да обелува, дали можете некако да го спречите овој процес или пак, со сигурност ќе завршите со седа коса…

Вистината за белите влакна: Дали и вие ќе имате седа коса?-za-belite-vlakna-dali-i-vie-kje-imate-seda-kosa-www.kafepauza.mk

Недостатокот на витамини го поттикнува прераното обелување на косата

Појавата на белите влакна пред 35-тата година може да укажува на недостаток на витамините Б12 и Б9. Според истражувањата, овие витамини во комбинација со излегување на сонце, можат да бидат моќен дует кој помага при обновувањето на пигментацијата на местата на кожата и косата каде што меланинот престанал да се формира.

Неколку бели влакна не секогаш водат кон целосно седа коса

Ова е еден од митовите поради кои многу жени и мажи постојано загрижено ја проверуваат својата коса со цел дека нема да налетаат на бели влакна. Но, и покрај тоа што белите влакна можат да бидат знак дека вашата коса целосно ќе избели, сепак тоа не важи за секого. Можеби овие неколку влакна ќе се појават како потсетник за вашите години, но ништо повеќе од тоа.

Ако откинете едно бело влакно, нема да ви пораснат две нови

Ако откинете едно бело влакно, од истата фоликула ќе израсне ново, кое исто така ќе биде бело. Сепак експертите не го препорачуваат ова со цел да не ги оштетите фоликулите.

Ако косата на вашата мајка станала седа во 40-тите години, истото ќе ви се случи и вам

Да, генетиката игра огромна улога во обелувањето на вашата коса. Токму затоа и можете да се потпрете на косата на вашата мајка, бидејќи големи се шансите дека вашата коса ќе обели на истите години кога тоа ѝ се случило и неа.

Пушењето и сонцето го забрзуваат процесот

Доколку постојано се изложувате на сонце, без соодветната заштита и имате навика да пушите, тогаш експертите велат дека со сигурност вашата коса ќе стане седа. Ултравиолетовите зраци во комбинација со хемикалиите од цигарите можат да предизвикаат исцрпување на меланоцитните матични клетки кои им даваат боја на влакната.

Честото фарбање на косата не може да предизвика појава на бели влакна

Фарбањето на косата нема никаква поврзаност со појавата на седи влакна.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар