Зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима?

Нема ништо поудобно од носењето на вашите омилени меки пижами во текот на зимата. Но, она што ќе го изберете да го носите додека спиете може да влијае на вашиот сон, на изгледот, па дури и на здравјето. Ако вашите меки пижами ве затоплуваат премногу во текот на ноќта, тоа може да биде една од причините што наутро се разбудувате уморни. Во продолжение прочитајте зошто плишените пижами не се најдобриот избор на облека за спиење.

1. Влијаат на квалитетот на вашиот сон

Зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима?

Спиењето во пижами што ќе ве затоплат премногу значи дека може да спиете немирно бидејќи вашето тело треба да ја одржува соодветната температура во текот на целата ноќ. Идеалната ткаенина за време на спиењето е памукот бидејќи ѝ дозволува на кожата да дише и ќе ви биде поудобно. Друг одличен избор за материјал за ноќна облека е ленот, кој дише и апсорбира, но не е мек како памукот.

2. Може да ви се појават мозолчиња

Зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима?

Кога се потите во сон, тоа може да доведе до појава на мозолчиња. Комбинацијата на топлина и триење од вашата испотена пижама може да предизвика затнати пори, а тоа доведува до поголема иритација на кожата. Изборот на ноќна облека направена од ткаенина од бамбус може да помогне во спречување на појава на акни бидејќи оваа ткаенина има антимикробни својства. Бамбусот е уште помек и апсорбира повеќе од памукот и може да биде токму она што ви треба за да спиете добро.

3. Може да предизвикаат инфекции

Зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима?

Ако се потите навечер, постојат поголеми шанси да развиете инфекција на кожата. Бактериите растат подобро на влажни и темни места и кога се покривате со слоеви топла облека и ќебе, всушност можете да создадете совршена подлога за микроби.

4. Може да влијаат на репродуктивното здравје

Зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима?

Според истражувањето, мажите кои не носат пижами ноќе може да го подобрат квалитетот на спермата. Кога одите во кревет облечени во тесна долна облека или во дебели пижами, најверојатно ќе се испотите во областа на гениталиите. Исто така, може да влијаат на плодноста на жените бидејќи потта може да доведе до воспаление и инфекции.

5. Го спречуваат вашето тело природно да ја регулира својата температура

Зошто не треба да спиете во плишени пижами, дури ни во зима?

Ако ви е премногу топло во креветот, вашата телесна температура нема да може да падне, а тоа ќе ви го наруши квалитетниот сон. Пониската температура во текот на ноќта му помага на вашето тело да закрепне подобро, па може дури и да го зајакне метаболизмот. Ако сакате да носите нешто друго освен памучни пижами, свилата може да биде добар избор. Таа е природен термички регулатор и може да ве загрее во студените зимски ноќи благодарение на топлината што се задржува помеѓу свилените нишки, создавајќи ефект на изолација.

Прочитајте што може да се случи со вашето тело ако почнете да спиете без перница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар