Крем чоколадно кафе

Топло чоколадно кафе, кое одлично ќе ви дојде во овие ладни денови…Крем чоколадно кафеПотребни состојки:

  • 100 мл топло чоколадо
  • 50 мл инстант кафе
  • 50 мл млеко
  • 2 супени лажици шеќер во прав
  • 2 топки сладолед од чоколадо или ванила
  • шлаг

Начин на подготовка: Сите состојки измешајте ги во тенџере и ставете ги на загреана рингла. Откако смесата ќе започне да врие, тргнете го тенџерето од оган и сипете го топлиот напиток во голема шолја. Декорирајте со шлаг и додатоци по избор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Viktori Reply

    благодарам за рецептот, го подготвив и навистина е многу вкусно и совршено одговара во студено време! :)

Остави коментар