Крем чоколадно кафе

Крем чоколадно кафе

Топло чоколадно кафе, кое одлично ќе ви дојде во овие ладни денови…Крем чоколадно кафеПотребни состојки:

  • 100 мл топло чоколадо
  • 50 мл инстант кафе
  • 50 мл млеко
  • 2 супени лажици шеќер во прав
  • 2 топки сладолед од чоколадо или ванила
  • шлаг

Начин на подготовка: Сите состојки измешајте ги во тенџере и ставете ги на загреана рингла. Откако смесата ќе започне да врие, тргнете го тенџерето од оган и сипете го топлиот напиток во голема шолја. Декорирајте со шлаг и додатоци по избор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.