Филм: Заборав (Oblivion)

Научно-фантастична акција со човечки емоции

Филм: Заборав (Oblivion)Режија: Џозеф Косински

Улоги: Том Круз, Олга Куриленко, Морган Фримен, Андреа Рајзенбороу

Времетраење: 124 минути

Јазик: англиски

Премиера: 19 април 2013

Жанр: научна фантастика, акција, авантура

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (21 гласа, просек: 8.62 од 10)

Loading...Loading...

„Заборав“ припаѓа на серијата современи научно-фантастични филмови во кој крајниот производ се добива со мешање на научно-фантастичните елементи и човечките емоции. Тоа можеби и не мора посебно да се нагласува со оглед на тоа што интелигентните роботи и вонземјаните веќе не се интересни за Холивуд, кој на овој жанр сега веќе му додава малку поинаква драматика поради поизразената човечка димензија.Филм: Заборав (Oblivion)Луѓето веќе не се инфериорната раса во овие филмови. Затоа Том Круз делува како овде да се преселил директно од последниот дел на „Невозможна мисија“. Едноставно, неговиот бестрашен и ноншалантен лик премногу потсетува на Итан Хант. Овој пат се вика Џек, и заедно со неговата сопруга Викторија (Андреа Рајзенбороу) ја сочинуваат двочлената мисија на Земјата која има за цел да го сочува овде она што останало после катастрофалната војна. Таа војна започнала кога Земјата била нападната од вонземјани, а луѓето победиле кога употребиле нуклеарно оружје. Ја добиле војната, но ја изгубиле планетата. Треба да помине време за да може повторно да се живее на неа, а дотогаш луѓето привремено се сместени на Сатурновиот сателит Титан.Филм: Заборав (Oblivion)Џек и неговата сопруга имаат само уште две недели во самотијата на Земјата пред да се преселат на Титан кај останатите, но токму тогаш Џек открива дека во нивна близина се урнал воен брод. Таму ја спасува Џулија (Олга Куриленко), која ќе се обиде да му ја измени перцепцијата за неговата мисија, за она што тој го работи и го живее.Филм: Заборав (Oblivion)Иако идејата за ваквиот тек на настаните не е многу експлоатиран од овој жанр, има моменти кога приказната влегува во клишеа и губи од својот сјај. Остава простор гледачот да се прашува зошто таа не е поинвентивна за перфектно да се вклопи во кадрите од бајковитиот Исланд и да создаде филм кој ќе воодушевува.Филм: Заборав (Oblivion)Но и ваков каков што е, филмот е многу забавен. Нешто ќе предвидите, нешто не, но такви се границите на неговиот блокабстерски формат. Главен адут му е визуелниот впечаток. Сниман е во Исланд, кој и онака изгледа како од научно-фантастичен филм уште пред да му се додадат визуелните ефекти кои филмаџиите денес ги имаат на располагање. Во „Заборав“ секој кадар е уживање. И неговата намена е таква – да можете да си го пуштите кога ќе сакате да уживате со научно-фантастична акција сместена во пост-апокалиптичен, но сè уште убав свет.Филм: Заборав (Oblivion)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар