ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the New Black)

ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the New Black)

Ако завршиш во женски затвор, ќе ти се промени не само животот, туку и личноста

ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Главни улоги: Тејлор Шилинг, Лора Препон, Џејсон Бигс

Жанр: криминалистика, драма, комедија

Креатор: Џенџи Коан (креаторката на „Weeds“)

Премиера: 11 јули 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски, шпански, руски…

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (35 гласа, просек: 9,69 од 10)
Loading...

Нетфликс ги објави сите 13 епизоди одеднаш, колку што ја чинат првата сезона. И верувајте, сите ќе ги изгледате во 3 дена.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Во најкратки црти, се работи за Пајпер Чепман, која добива затворска казна во времетраење од 15 месеци, за шверц на пари од дрога – криминално дело кое се случило пред повеќе од 10 години, а во кое е вмешана нејзината тогашна партнерка Алекс. Пајпер се помирува со својата судбина и се труди максимално подготвено и одговорно да ги одлежи петнаесетте месеци кои ги добила. Но… животот во затвор ти се менува уште првиот ден.

Тука важат сосема други правила. За еден погрешен збор може да останеш без јадење со денови, за погрешен поглед може да бидеш начекан во тоалетот, за обраќање со погрешен тон на погрешен човек може да завршиш во самица каде што слушајќи ги врискањата и завивањата преку ѕидовите од другите келии, тотално ќе изгубиш чувство за времето.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Во оваа средина ги има и типичните работи: корумпирани службеници, мажи кои ја злоупотребуваат униформата за да добијат сексуално задоволство од сексуално гладните затворенички, еден куп лезбејски активности, закани, сопки, забивања ножеви в грб…

Со оглед на минатото на Пајпер (била во врска со женски партнер) и нејзината сегашна ситуација (ѝ претстои брак со нејзиниот свршеник Лери), уште на почетокот може да се очекуваат интересни пресврти во приказната. Но, тоа е сè што можете да очекувате и да насетите – изненадувања, пресврти и зинати усти на крајот на секоја епизода.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black) ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)ТВ серијата е базирана на вистинска случка, а е правена според истоимената книга на Пајпер Керман која претставува мемоар за нејзините искуства од затворот. Иако има многу сличности со реалните случки, сепак екранизираната верзија има „аксесоари и шминка“ кои го надополнуваат ефектот на самата приказна.

Ова е серија која ги има сите квалитети на куп – солидна, несекојдневна приказна, фантастична глума, симпатична доза хумор и тамам шминка колку за да биде мерачки гледлива. Чувството пак на тензија и исчекување, многу добро се балансира со случки кои континуирано разоткриваат елементи од дејството, но истовремено воведувајќи го во нови и оставајќи нова доза неизвесност за следната епизода.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Вреди да се истакне како се избрани и изградени карактерите. Не само што глумат одлично, нивниот целокупен изглед е толку автентичен што ќе помислите дека продуцентите го правеле кастингот во вистински затвор.

Насловот на серијата има врска со портокаловата униформа која ја добива секоја затвореничка додека не „созрее“ за да добие друга, но всушност се работи за паметна игра на зборови во која е содржан психолошкиот момент на „црното“ кое доаѓа подоцна.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар