ТВ серија: Мостот (The Bridge)

ТВ серија: Мостот (The Bridge)

ТВ серија за двајца детективи од Америка и од Мексико, кои мора да работат заедно за да пронајдат сериски убиец кој е опасен и за двете страни

ТВ серија: Мостот (The Bridge)Главни улоги: Демијан Бишир, Даен Кругер

Жанр: криминал, драма, мистерија

Креатори: Елвуд Рид, Бјорн Стеин, Мередит Стием

Премиера: 10 јули 2013

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски, шпански

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 9,86 од 10)
Loading...

Марко Руиз (Демијан Бишир) е детектив за убиства кој работи за државата Чиуава, Мексико и живее во опасниот град Хуарез. Марко е фамилијарен човек и е еден од последните чесни луѓе во корумпираната и бесчувствителна полициска сила која е под контрола на картелите со дрога. Тој е бистар, шармантен, внимателен и целосно свесен за хаосот кој владее во неговиот град. ТВ серија: Мостот (The Bridge)Детективката Соња Крос (Даен Кругер) живее на другата страна од границата – во Ел Пасо, Тексас. Соња е нешто сосема поразлично од Марко. Таа е студена, директна и брутално искрена личност, без чувство на емпатија. Сè уште не е дефинирано, но според нејзините постапки веруваме дека има некој вид аутизам, најверојатно Аспергеров синдром.ТВ серија: Мостот (The Bridge)Сè започнува кога полицијата ќе најде мртва жена, оставена на средината на мостот кој се наоѓа помеѓу Америка и Мексико. Бидејќи станува збор за судијка од Америка, Мексиканската полиција одлучува да им го предаде случајот на Американците без разлика на тоа што половината од телото се наоѓа во Мексико. Но, многу брзо работите ќе тргнат во неочекувана насока. Соња ќе открие дека всушност се работи за двојно убиство – горниот дел од телото е на судијката, но нозете се од девојка со потемна кожа, која најверојатно е со мексиканско потекло. Поради оваа необична ситуација таа ќе биде принудена да побара помош од мексиканскиот детектив Марко Руиз. ТВ серија: Мостот (The Bridge) ТВ серија: Мостот (The Bridge)Досега има само 5 епизоди, но целиот случај многу брзо се развива и секоја нова епизода ве внесува сè подлабоко во животот на луѓето околу границата. Можеби на почетокот ви изгледа како едноставна и веќе видена криминална приказна, но ве уверуваме дека станува збор за нешто сосема различно.

Исто така мора да ве предупредиме дека оваа ТВ серија е многу мрачна и тешка и не секој би можел да ја гледа. Доколку сте љубител на приказните со влегување во умот на сериски убијци, проследено со многу убиства и мистерии, тогаш дефинитивно не смеете да ја пропуштите „Мостот“. Ова е една од оние ретки ТВ серии каде што работите никогаш не се онака како што изгледаат и каде што многу тешко можете од прва да процените кој е на добрата, а кој на лошата страна од законот.ТВ серија: Мостот (The Bridge) ТВ серија: Мостот (The Bridge) ТВ серија: Мостот (The Bridge)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар