Вкусен крем со јаболка и ореви

Вкусен крем со јаболка и ореви

Лесен десерт во кој ќе уживате после напорниот ден…Вкусен крем со јаболка и оревиПотребни состојки:

  • 2 јаболка
  • 150 г ореви
  • 250 мл слатка павлака
  • 250 мл благо крем сирење
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • сок од лимон

Начин на подготовка: Јаболката исечете ги на коцкички и измешајте ги со сокот од лимон за да не почнат да темнеат. Благото крем сирење изматете го со ванилинот и шеќерот во прав, а во посебен сад изматете ја и слатката павлака. Потоа павлаката почнете да ја додавате во крем сирењето дел по дел, притоа мешајќи со дрвена лажица од доле кон нагоре. Оревите исечкајте ги покрупно.

Земете стаклена чаша и почнете да редите слоевито, ред ореви, ред јаболка, ред од кремот. Наполнете ја чашата до врв и потоа уживајте во прекрасниот вкус.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.