Филм: Американска измама (American Hustle)

Филм: Американска измама (American Hustle)

Сите луѓе прават измами со цел да го пронајдат своето место на овој свет

Филм: Американска измама (American Hustle)Режија: Дејвид О. Расел

Главни улоги: Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Бредли Купер, Џенифер Лоренс

Времетраење: 138 минути

Јазик: англиски

Премиера: 20 декември 2013

Жанр: криминалистика, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 8,06 од 10)
Loading...

Сите ние правиме некаков вид измами во нашиот живот. Го правиме тоа за едноставно да можеме да преживееме, без разлика дали станува збор за измама на другите или за измама на себе. Некои од нас ја менуваат бојата на косата, некои го менуваат своето однесување, а некои дури и го менуваат целиот свој идентитет. Правиме сè што можеме за да го постигнеме она што сметаме дека е најдобро за нас.

Филм: Американска измама (American Hustle) Филм: Американска измама (American Hustle)

Токму тоа е и темата на овој филм. Станува збор за приказната на брилијантиот измамник Ирвин Роусенфелд (Кристијан Бејл) и неговата итра и заводлива партнерка Сидни Просер (Ејми Адамс). Тие одлично ја играат својата улога сè додека агентот од ФБИ, Ричи Димасо (Бредли Купер), не ја открие нивната измама и со тоа ќе успее да го преврти нивниот свет наопаку. Сакајќи да постигне успех на своето поле, тој ќе ги натера да соработуваат со ФБИ така што ќе ги однесе во светот на политичарите и мафијашите. Нивната задача ќе биде да ги измамат овие моќни луѓе да примат мито и со тоа да разоткријат корумпираност.

Филм: Американска измама (American Hustle) Филм: Американска измама (American Hustle)

Кармајн Полито (Џереми Ренер) е најприземниот моќен човек во Њу Џерси. Тој веќе 10 години бил градоначалник кој навистина се грижел за својот народ и кој бил почитуван и сакан од сите. Нажалост тој ќе се најде во средина помеѓу измамниците и агентите. И бидејќи работите никогаш не се како што изгледаат, во текот на целиот филм ќе се запрашувате кој ги води работите, Ирвин и прекрасната Сидни, или Димасо со своите соработници. Но, што ако единствената личност која вистински ја има целосната контрола врз успехот на оваа мисија е непредвидливата жена на Ирвин, Роселин (Џенифер Лоренс)?

Филм: Американска измама (American Hustle) Филм: Американска измама (American Hustle)

„Американска измама“ е одличен филм кој ќе ве одвлече во еден свет каде што доброто и лошото не се разликуваат, лагите и вистините се целосно испреплетени и каде што во вистинскиот момент ништо не е невозможно. Филм кој ќе ве заведе и ќе ви покаже дека никогаш ништо не е онака како што изгледа и дека првиот впечаток најчесто е целосно погрешен.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар