ТВ серија: Мајстори за секс (Masters of Sex)

ТВ серија: Мајстори за секс (Masters of Sex)

ТВ серија за пионерите во науката за човековата сексуалност

(1) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mkГлавни улоги: Мајкл Шин, Лизи Кеплан, Кетлин Фицџералд, Николас Д`агосто, Хелен Мартин, Бо Бриџис

Жанр: драма

Автор и продуцент: Мишел Ешфорд

Премиера: 29 септември 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 9,50 од 10)
Loading...

Во денешно време секојдневно читаме за нови истражувања кои откриваат разни тајни поврзани со сексуалноста и сексуалното здравје. Но, и покрај оваа поплава од веќе-не-толку-табу-информации, веројатно ретко кој се запрашува како се доаѓа до резултатите. Дали учесниците во истражувањата треба да имаат секс пред очите на истражувачите за да можат да ги набљудуваат реакциите и да донесат релевантни резултати? Ќе оставиме настрана како се прави тоа денес, но од средината на 20-тиот век, истражувањето на човековата сексуалност изгледало отприлика вака…

ТВ серијата се базира на биографијата на Томас Мајер „Мајстори за секс: Животот и ерата на Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон, двојката која ја научи Америка како да сака“. Се работи за вистински истражувачи кои дошле до значајни пронајдоци во време кога сè уште малку се знаело за сексот и малку се зборувало за тоа отворено. Тоа е период кога жените седеле дома и се грижеле за своите сопрузи, додека тие го носат лебот на маса. Успешна жена-доктор? – Не е баш веродостојно сценарио за таа доба. Геј доктор на висока позиција во здравствена установа? – Добро, ова и денес не е многу сменето. Но, тогаш за оваа „девијација“ се правеле третмани со цел некој да се излекува од хомосексуалност. Чудно е колку науката и сфаќањата напредуваат за само 50-60 години.

Episode 104 Episode 101

Бил Мастерс е амбициозен сексолог кој започнал да работи како доктор за плодност во угледна болница. Го чекал правиот момент, да стане доволно познат и доволно важен за да почне да се занимава со проучување на оваа проблематика. Ја запознава Вирџинија Џонсон, самохрана мајка со две деца, но и со многу напредни знаења и сфаќања за сексот, која почнува да работи како негова секретарка, а потоа како негов партнер во истражувањето.

Како што би се очекувало, во серијата има секс-сцени, но тие не се еротски и возбудливи колку што се научни и естетски се фокусираат на промените на телото за време на сексуалниот чин. За целите на истражувањето, се користат вистински субјекти, кои мастурбираат, а подоцна и учествуваат во полов акт со други, пред очите на истражувачите кои ги мерат промените и состојбите со скромна помошна опрема.

(4) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mk (5.0) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mk

Серијата не е само за сексот и сексуалната наука. Покрај двата главни ликови кои се одлично изградени, ги запознаваме сопругата на д-р Мастерс, Либи, која е опседната со желбата да му роди дете на својот сопруг, што го чувствува како своја должност, д-р Итан Хас, кој прво работи со докторот, но потоа неговиот професионален пат се менува откако ќе се заљуби во Вирџинија, докторката Лилијан Депол, која се обидува да ја убеди лекарската заедница да го прифати редовното тестирање со пап-тестот кај жените за да се спречи појавата на рак на грлото на матката итн.

Episode 106 MASTERS OF SEX (SEASON 1) MASTERS OF SEX (SEASON 1)

„Мајстори за секс“ е одлична ТВ серија. Претставува склоп од добро развиено дејство со задоволителни 60 минути во секоја епизода, фантастични ликови, кои се доволно чудни за ова време, но сосема автентично го доловуваат времето кое го претставуваат, силни врски помеѓу нив, кои повеќе ги чувствувате кога актерите ништо не кажуваат, одошто кога се во меѓусебна интеракција, моќни дијалози, чист „научен“ секс и необичност која ќе ви понуди нешто поразлично од сè што сте гледале досега.

(8) tv-serija-majstori-za-seks-masters-of-sex-kafepauza.mk

Серијата стартуваше во 2013 со 12 епизоди, а втората сезона се очекува да продолжи годинава.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар