Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

Тапетите може да бидат еден од најубавите украси во домот, кои му даваат шарм и топлина на просторот, создаваат препознатливост, а за сето тоа не ви се потребни многу средства. Истовремено тие се брз и едноставен начин за криење на несовршеностите на ѕидовите и создаваат илузија за совршеност. Тие се практични, можат да се менуваат и овозможуваат драматика и шарм што не може да се постигне со нанесување на бои. Тапетите се и лесни за одржување, можат да се чистат со влажна крпа, па дури и со употреба на детергенти.

Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

Независно дали сакате да го уредите својот дом, канцеларија, хотел или кафуле, компанијата „Ground Fashion“ нуди најразлични дизајни на квалитетни тапети, со класичен или модерен изглед, со широк спектар на бои и дезени, а може да се порачаат и уникатни тапети креирани од врвни европски дизајнери.

Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

Компанијата „Ground Fashion“ постои на македонскиот пазар од 2009 година, а од пред неколку месеци со нов продажен салон на улица 29 Ноември бр. 17, локал 8, спроти Универзална сала во Скопје. Ексклузивен застапник на македонскиот пазар е на реномираните производители „Elitis“, „Grandeco“, „BN“ и „Duralmond“ кои произведуваат високо квалитетни и декоративни тапети и панели.

Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

Потрошувачите во салонот на „Ground Fashion“ имаат можност за избор на најразлични декоративни тапети за внатрешно уредување произведени од високо квалитетен, специјален винил материјал кој е лесен за одржување.

Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

Покрај тапети потрошувачите можат да нарачаат и декоративни „Duralmond“ панели, кои покрај за внатрешно може да се користат и за надворешно уредување. Моделирани во повеќе форми или текстури, тие обезбедуваат единствен материјал за украсување на површини. Тие се изработени од биоразградлив материјал, кој може да се рециклира, водоотпорни се, и се карактеризираат со добра акустика и отпорност на оган.

Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом

Во салонот може да се пронајде и новата колекција на тапети од реномираниот француски производител Елитис. Колоритни и исклучително живописни тапети инспирирани од животот, уметноста, музиката и фотографијата. Станува збор за високо квалитетни тапети кои внесуваат страст и топлина во домот.

Уникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот домУникатни тапети и декоративни панели за уредување на вашиот дом


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар