Поткровје за ергенски живот

Зарем има подобро место за живеење за еден млад самостоен човек од поткровје дизајнирано во современ минималистички стил? Овој одлично уреден простор е дело на архитектот Максим Жуков, којшто од малото поткровје направил функционално место за живеење кое во исто време изгледа прекрасно.

Поткровје за ергенски живот

За да го направи просторот пофункционален, Жуков одбрал мебел со помали димензии кој изгледа недовршено и рапаво, баш како во поткровјето да живее маж. Ѕидовите ги оставил сиви, а целиот простор изобилува со челични елементи и сообраќајни знаци. Еден од најинтересните детали е импровизираното лебдечко биро поставено веднаш над креветот, а до кое се стигнува преку метални скалила закачени на ѕидот.

Поткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски животПоткровје за ергенски живот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар