Погледнете како изгледаат најубавите училишта ширум светот

Погледнете како изгледаат најубавите училишта ширум светот

Училиштата треба да бидат места кои ќе ги стимулираат, поттикнуваат и ангажираат учениците. Ширум светот може да се најдат прекрасни училишта. Некои од нив се дизајнирани за да им се спротивстават на природните катастрофи, додека пак други обезбедуваат образование за сиромашните. Во продолжение ви прикажуваме дел од тие училишта кои ќе ве изненадат со нивната убавина и функционалност.

1. Забавиштетo ОА во Саитама, Јапонија

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Ова училиште речиси целото е направено од контејнери со цел да биде што е можно постабилно и да нуди поголема заштита од земјотреси. Внатрешноста е исполнета со бледо дрво и светли училници кои им нудат на децата голем простор за да си играат.

2. Училиште за дизајн во Мелбурн

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Училиштето за дизајн во Мелбурн, при универзитетот во Мелбурн, се карактеризира со структура во облик на дрво во главната просторија на зградата, а внатрешноста е исполнета со природни бои и мрежи.

3. Кампус „ТAC SEV“ во Тарсус, Турција

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Во текот на денот, овој кампус може да изгледа како некој парк, но штом сонцето зајде, тој произведува топол, портокалов сјај.

4. Средното училиште Пенлеи и Есендон во Нидри, Австралија

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Ова училиште се карактеризира со различни бои, а наведнатите ѕидови на зградата ѝ даваат интересен изглед, додека пак живописните бои создаваат богато визуелно искуство.

5. Коласколан во Шведска

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Ова училиште било изградено во 2014-та година и од надворешната страна изгледа прилично едноставно, но во внатрешноста има многу светла кои танцуваат околу ѕидовите и се распрскуваат пастелно жолти и сини бои.

6. Меѓународното училиште Ајви Баунд во Бангкок

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Ова училиште повеќе личи на замок отколку место каде што група деца учат за тајландската култура.

7. Стручното училиште „SRA POU“ во Камбоџа

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Селаните може да ја посетат оваа градба од тули за да научат аритметика или како да започнат мал бизнис.

8. Забавиштето Фуџи во Јапонија

Погледнете како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот

Архитектите на ова училиште сакале да им овозможат на децата да истражуваат без ограничувања. Овде учениците може да трчаат по покривот и да се искачуваат на дрвја. Овој простор во својот дизајн исто така вклучува и природа, односно училниците содржат вистински дрвја кои се протегаат нагоре.

Погледнете уште интересни дизајни на училишта на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар