Овие фотографии ни покажуваат дека и зајчињата се талентирани модели

Ашрафул Арефин е фотограф од Бангладеш кој пред 7 месеци решил да посвои две мали зајчиња. Откако го сторил тоа одлучил да направи неколку фотографии од нив, како спомен од почетокот, но откако почнал да ги фотографира тој сè уште не може да престане. Тие се одлични модели и многу се фотогенични, па токму затоа Арефин ужива додека ги слика.

Овие фотографии ни покажуваат дека и зајчињата се талентирани модели

Овој негов мал проект се раширил и тој почнал да фотографира и други зајчиња, со цел да ни покаже дека овие неодоливи животни живеат во магичен и прекрасен свет. Тој ги истакнува нивните карактери и ни покажува дека и тие имаат емоции како луѓето. Арефин за својата работа вели:

„Најтешкиот дел беше да ги натерам да ми позираат, бидејќи зајчињата се многу чувствителни и лесно можат да се исплашат. Вложив многу трпение во секоја од овие фотографии и постојано бев на штрек за случајно да не пропуштам нешто.“

Да не должиме, погледнете ги овие прекрасни и неодоливи фотографии од магичниот свет на малите и слатки зајчиња…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар