Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

Џоел Џинџелар е фотограф специјализиран во областа на црно-белата фотографија со долга експозиција. И покрај тоа што учел криминално право тој отсекогаш сакал да биде архитект, па барајќи соодветна замена за својот неостварен сон, се заљубил во фотографирањето на неверојатните градби низ светот.

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

„Empire State Building“ - Њујорк

Инспириран од добро познатите архитекти Гери и Калатрава, Џоел има цел да ги фотографира сите чуда на архитектурата во светот. За тоа зошто преферира црно-бела фотографија, тој вели:

„Ја обожавам црно-белата фотографија бидејќи со отстранувањето на бојата, суштината на објектите, ситуациите, пејсажите и луѓето станува многу повидлива. Од вас зависи што ќе правите со контрастот, светлината, формите и линиите за да ја истакнете суштината или она кое вие го гледате како суштинско. Без боите да ги заведуваат вашите очи, остануваат само емоции кои ќе ви го освојат срцето. Ако го направите тоа како што треба…“

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

„Erasmus Bridge“ - Ротердам, Холандија


„Јас не верувам во необработени фотографии. Верувам во артистичкиот резултат и во визуелизацијата на погледот кон светот на артистот. Фотоапаратот е само хардвер кој нема ум, душа и креативност, туку само моментално снима одредена ситуација, непристрасно и без емоции. Јас не сум заинтересиран за визијата на парче хардвер, туку за визијата на умот и душата на артистот кој ќе ја измени фотографијата за да ја покаже својата реалност. Тоа е разликата помеѓу фотографијата и уметноста.“

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

„Shell-Haus“ - Берлин, Германија

Џоел стекнал голема популарност со својот профил на Фликр, но исто така има и свој веб-сајт каде што можете да прочитате нешто повеќе за неговата работа и да го видите останатиот дел од неговата уникатна колекција на фотографии.

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

„Lloydkwartier“ - Ротердам, Холандија

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

Ротердам, Холандија

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

Амстердам, Холандија

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

„The Hoftoren“ - Хаг, Холандија

Одлични црно-бели фотографии од неверојатни градби низ светот

Ротердам, Холандија



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар