Психолозите откриваат која емоција е најтешка за контролирање!

Психолозите откриваат која емоција е најтешка за контролирање!

Секој ден доживуваме разноразни емоции, некои ги искажуваме отворено, а некои ги чуваме во себе и потиснуваме. Меѓутоа, кога станува збор за длабоко вкоренети и скриени емоции, тие можат да крчкаат под површината. Можеби не сте ни свесни за емоциите кои се закопани длабоко во вас, а кои влијаат на квалитетот на вашиот живот, врски и цели.

Психолозите откриваат која емоција е најтешка за контролирање!

Според клиничкиот психолог д-р Никол Буркинс, постои една емоција која може да има долгорочно влијание врз вашата состојба на умот и начинот на кој функционирате во вашиот живот. Станува збор за срамежливоста.

„Мислам дека срамежливост е најтешката емоција со која луѓето треба да се справат бидејќи е толку длабоко вкоренета. Тоа е подмолна емоција бидејќи вклучува многу работи – не е како стравот, радоста или срамот. Срамежливоста е вкоренета во толку многу аспекти за тоа како некој се гледа себеси и чувствата што ги има кон себе и другите луѓе и како ги доживува работите што му се случиле“, објаснува психологот.

Повеќето луѓе се борат со чувството на срамежливост, а бидејќи тоа влијае негативно на една личност од повеќе аспекти, треба да се ослободите од него.

Речникот на Оксфорд ја дефинира срамежливоста како „болно чувство на понижување или вознемиреност предизвикано од свесноста за погрешно или глупаво однесување“.

Единствениот начин да се ослободите од срамежливоста е да ги прифатите сите делови од себе, дури и оние кои не ги сакате, за да можете да ги промените и да бидете слободни. Ова не е лесна задача и вклучува многу радикално самоприфаќање и внимателност. Но, кога ќе почнете да забележувате како срамежливоста може да ве контролира, можете да ги идентификувате вашите предизвици и да ја зајакнете вашата самодоверба преку позитивни афирмации.

Така, секогаш кога ќе наидете на некаква ситуација која ве прави да се чувствувате срамежливи, потсетете се на сите добри работи што сте ги направиле и поради кои можете да бидете горди.

Откако прочитавте за срамежливоста и нејзиното влијание, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци покажуваат дека не знаете како да се справите со емоциите.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар