Мало тригодишно девојче пред спиење ѝ одржало поучна лекција на својата мајка

Луѓето имаат напишано илјадници поучни книги. Но, некогаш мудроста што ќе ја добиете не се наоѓа во ниту една книга, туку ја имате под вашиот покрив и е кажана од вашето дете. Мајката, а воедно и блогерка, Мери Кетрин Бексторм, имала уникатна шанса да научи нешто од нејзината тригодишна ќерка. Ви ја пренесуваме нејзината објава на Фејсбук што таа ја споделила за да ги опише резултатите од разговорот со ќерка ѝ, а за него добила позитивни реакции од илјадници луѓе.

Мало тригодишно девојче пред спиење ѝ одржало поучна лекција на својата мајка

Мојата ќерка и јас бевме преморени пред спиење. Конечно, пред десет минути ја легнав во кревет и низ стегнати заби ѝ реков: „Те сакам Холанд, но не сакам да чујам ниту уште еден збор вечера. Сега ќе спиеш. Доста ми е од врева околу кадифени животни.“

„Мамо?“ Застанав одејќи кон вратата, гризејќи си го јазикот бидејќи бев многу нервозна. „Што е Холанд“, ја прашав. Таа одговори: „Имам да ти кажам само уште едно нешто.“

Секако дека имаше, седеше на својот кревет со рацете на колкови. Нејзината коса беше разлетана и со раката ги бришеше солзите од нејзиното лице. „Мамо, јас ти простувам!“, рече ќерка ми со горчина во нејзиниот тенок глас.

Потоа легна и плачеше и да бидам искрена цела минута не знаев што да правам. Начинот на кој таа рече „Ти простувам“ звучеше како пцуење. Појдов над креветот и се наведнав. „Малечка, дали знаеш што значи простувањето?“ Таа низ солзи и со главата потпрена на перницата со малечката сирена ми рече: „Да, тоа значи дека ти згреши и јас сум уморна да бидам лута и сега ќе спијам и моето срце нема ништо да го боли.“

Вечерва научив важна лекција за простувањето од тригодишно дете. Тоа беше навистина за освестување. Не ми остана ништо друго освен да ја сакам бидејќи да бидам искрена, мене малку ме заболе срцето.

Мојата ќерка ме потсети дека не треба да си легнеме да спиеме со лутина. И знаете што? Живеам 35 години и мора да кажам дека таа има право!

Прочитајте ја и оваа објава на мајка која на моќен начин опишува како социјалните медиуми ја рушат самодовербата на родителите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар