Минијатурна цементна уметност

Инсталациите на уличниот уметник Исак Кордал се располсани насекаде низ Лондон, а се во форма на мали цементни фигури. Доколку не сте внимателни додека се движите на тротоарите во градот, возможно е да ги прегазите. Фигурите се дел од проектот наречен „Cement Eclipses“, кој разработува теми како што се анонимноста и напорната работа на градскиот живот.Минијатурна цементна уметностКордал најпрво ги изработува фигурите од глина, а потоа прави повеќе копии од цемент употребувајќи силиконски калапи. Копиите потоа ги поставува на урбани локации, прицврстувајќи ги со супер силно лепило.Минијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметност.

„Ова претставува еден вид метаморфоза во која човекот ја напушта својата улога како граѓанин, камуфлирајќи се во градот и пополека постанувајќи дел од мебелот. На овој начин се потврдува доброволната изолација на човечкото суштество во однос на природата, скриена помеѓу тротоарите, ѕидовите и улиците, притоа препуштајќи ù се на урбаната средина како негово природно живеалиште.“

Минијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметностМинијатурна цементна уметност

————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар