На 12 април нè очекува најважниот аспект за оваа година: Конјункција на Јупитер и Нептун!

На 12 април нè очекува најважниот аспект за оваа година: Конјункција на Јупитер и Нептун!

Датум: 09 мар 2022
Коментари: исклучени

Спојот на Јупитер и Нептун ја отвора вратата за нова реалност и животот никогаш повеќе нема да биде ист како порано – ќе биде поисполнет од кога било досега. Конјункцијата на овие две планети ќе ни донесе енергија на колективно будење, нешто што можеби никогаш повеќе нема да го доживееме во нашите животи. Ова е време за остварување на нашите најголеми соништа!

На 12 април нè очекува најважниот аспект за оваа година: Конјункција на Јупитер и Нептун!

На 12 април нè очекува спојот на Јупитер и Нептун. Овие две планети се во конјункција приближно на секои 13 години, но ова е прв пат тие да се спојат во знакот Риби по повеќе од 166 години. Според астролозите, станува збор за најинтензивната енергетска комбинација бидејќи Јупитер се смета за антички владетел на Рибите, а Нептун за модерен.

Овој спој ќе ни донесе креативна енергија која може да доведе до нови форми на изразување, особено во поглед на филмот, музиката и фотографијата. Ќе ни ја отклучи вратата на скриените области, на нешто што порано не ни било познато, па така ќе биде синоним и за духовно будење. Како резултат на тоа, ќе почувствуваме желба да создадеме подлабоки духовни врски со животот и светот околу нас.

На своите највисоки вибрации, Нептун станува планета на безрезервната љубов, а Јупитер – планета на експанзијата. Додека тие ги здружуваат нивните енергии, ние можеме да се потсетиме на нашата поврзаност едни со други и љубовта што тече во и околу секој од нас. Наместо да сме сведоци на разделби, можеме да увидиме дека сите сме поврзани во потребата за љубов и внимание. Оваа енергија ќе го подобри животот на планетата бидејќи се залага за единство.

Спојувањето на Нептун и Јупитер може да доведе до зголемување на емоционалната аура на планетата. Како колектив, најверојатно ќе се соочиме со нешто што предизвикува висока емоционална реакција.

Нептун е и синоним за „бегство“, така што се очекува и зголемување на употребата од дрога и други работи кои служат за „бегство од реалноста“. Нептун исто така може да создаде магла и илузија поради што нема да знаеме по кој пат сакаме да одиме. Ќе ни биде особено тешко да донесеме одлуки и затоа нема да се чувствуваме безбедно и сигурно.

Сепак, Јупитер и Нептун заедно ќе ни помогнат да станеме посвесни и да сфатиме дека не е сè така црно и бело, дека во очите на универзумот нема ништо правилно или погрешно бидејќи сè се сведува на вибрации. Под влијанието на оваа енергија ќе научиме колку е важно да ги следиме сопствените инстинкти. Кога патот пред нас е маглив и не можеме да го видиме, мораме да влеземе внатре, да се поврземе со нашите посуптилни сетила за да го пронајдеме.

Конјункцијата на Јупитер и Нептун ја отвора вратата за нова реалност и нè изложува на нов начин на постоење. Затоа животот никогаш нема да биде ист како порано – ќе биде пошарен, пожив и поисполнет од порано.

Оваа енергија ќе го достигне својот врв во април, но нејзините ефекти ќе ги почувствуваме од крајот на март до почетокот на мај и од крајот на октомври до почетокот на декември.

Откако прочитавте за овој редок астролошки феномен, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за март 2022 година во поглед на кариерата, љубовта и здравјето.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини