Магични ноќни фотографии од Токио

Секој што бил во Токио знае дека градот најдобро се доживува во текот на ноќта и овие прекрасни фотографии го покажуваат токму тоа. Тие се дело на Масаши Вакуи, талентиран, самоук јапонски фотограф кој успеал одлично да го долови главниот град во сиот свој ноќен сјај.

Водејќи нѐ низ споредните улички и сокаци во Шибуја, Шинџуку и други токиски реони, Масаши создава надреална атмосфера со неговото калеидоскопско портретирање на Токио. Тој користи апарати со високи перформанси и потоа ги менува боите со цел да создаде живописни и магични сцени од секојдневното живеење.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар